25 Ноември, 2024
0.0263

Ќе има ли економски мерки и за матичните лекари?

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Сет економски мерки за да не се стави клуч на врата на ординациите бараат и матичните лекари, кои преку Здружението на лекари по општа и семејна медицина писмено се обратија до властите во земјава. Велат дека очекуваат и тие да бидат вклучени во распределбата на државна помош, бидејќи во изминатиот период имаа и дополнителен ангажман. Во нивното писмо упатено до премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче наведуваат:

- Бараме награда за сите тимови на матични лекари кои се грижат за пациенти со Ковид-19 во домашен третман и ќе се грижат за пациенти кои прележале Ковид-19. Вредносни ваучери кои ќе можат да ги искористат за набавување на средства за лична заштитна опрема и хигиенски материјали.

Истовремено, дел од матичните лекари велат дека се незадоволни од досегашниот третман на здравствените власти, бидејќи и досега имало одринации кои добиле помош, како што се пакети со ракавици, маски, средства за дезинфекција, заштитна опрема и така натаму, а други ординации пак, сето тоа сами го набавувале. Сега очекуваат подеднаков третман кон сите.

Што се однесува, пак до капитациониот бод кои бараат да биде 90 денари по пациент, велат дека тоа е дамнешен проблем, но сакаат ветувањето да биде реализирано.

-Би било добро во овој период, на сиот ангажман што го имавме и се уште го имаме барем капитациониот бод да се зголеми. Јас лично имав двајца пациенти заразени со вирусот. Нивната состојба се следи секојдневно, водиме дневник и ги бележиме симптомите за секој ден. Се е заведено во нивните здравствени картони. Матичните лекари се првата алка во целиот синџир во здравствената заштита и понатамошниот третман на сите пациенти. Јас сум среќна, бидејќи од големиот број пациенти на кој им закажав тестирање за Ковид-19, само двајца беа позитивни. Постојано бев и се уште сум во контакт со своите пациенти. Дури и малку да се посомневав дека можеби се инфицирани со вирусот, закажував тестирање, вели д-р. Македонка Попова Спасеска од ПЗУ „Мастеса“.

Матичните лекари сметаат дека е крајно време да се реши и проблемот со луѓето кои остануваат без работа, а со тоа и без здравствено осигурување, што директно води и кон матичните лекари бидејќи остануваат без капитациониот бод.

-Тоа е долготраен проблем кој и сега е актуелен, бидејќи наеднаш голем број луѓе поради пандемијата ги загубија работните места, и автоматски матичните лекари не ја добиваат капитацијата. Ова треба системски да се решава. Не мора веднаш осигуреникот да се исклучува од системот. Јас, како матичен лекар, без разлика што не земам капитација од пациентите кои останаа без работа, ги прегледувам, не наплаќам за здравствената услуга, но проблемот е што ваквите пациенти не може да добијат упат за повисоко ниво на здравствена заштита, не може да добијат лекарства на рецепти...Лесно е да се исклучи некој од системот, но долг е процесот повторно да влезе во истиот тој систем. Процедурата е подолга. Истовремено, вината ја гледам и во самите пациенти и постојано сугерирам оние кои останале без работа веднаш да се пријават во социјално, бидејќи на тој начин го остваруваат правото на здравствена заштита. Тоа значи дека и матичните лекари имаат исплата на капитациониот бод, појаснува д-р Попова Спасеска.

По испратеното писмо од страна на Здружението на лекарите по општа и семејна медицина, премиерот Спсовски изјави дека нивните барања ќе бидат разгледани и врз основа на анализи ќе донесат одлуки. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа