ЌЕ ИМА ЛИ НОВА РЕВОЛУЦИЈА: Фејсбук планира платен систем заснован на биткоин
Објавено во: Стил 04 Мај, 2019 16:44
Компанијата Фејсбук планира платен систем заснован на криптовалути кој би можел да го покрене за милијарди свои корисници ширум светот, пренесува Волстрит журнал.
Системот би користел дигитални пари слични на биткоинот, но поинаков во таа смисла што Фејсбук би настојувал да ја одржи стабилноста на вредноста на својата валута за разлика од биткоинот и сличните валути чија вредност е подложна на нагли промени.
Новиот систем како што се наведува , наводно би можел да ја „поткопа“ употребата на кредитни картички така што на овој начин би се избегнало плаќање на надомест за обработка од која се генерираат поголем дел од нивните приходи.
Во статијата на магазинот , се наведува и дека Фејсбук ангажира над десеттина финансиски компании и „онлајн трговци“ да го покренат системот.
Фејсбук во својот коментар на ова наведува дека моментно само ги истражува различните апликации за новата технологија на криптовалутите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





