08 Декември, 2025
0.0270

ЌЕ ИМА РАЗРЕШУВАЊА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА: Прв е Васко Ковачевски, директорот на ЕСМ?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2021 07:26

Добивај вести на Viber

Ќе има ли разрешувања или оставки и дали и кој ќе понесе одговорност за лошата ситуација во која се најде Македонија на енергетски план? Според информации на Фактор, Васко Ковачевски, актуелниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) треба да биде разрешен од функцијата на денешната владина седница, но официјална потврда од Владата нема, а не ја потврди ни самиот. 

Изворите велат дека иако определбата за смена на Ковачевски била децидна минатата недела, големо влијание за носењето имал и разојот на настаните на политичката сцена изминатиов викенд па и вчера. ВМРО-ДПМНЕ поднесе вчера барање за гласање на доверба на Владата, а премиерот Зоран Заев во објавата која следуваше не навести сепак дека ќе си ја поднесе оставката од премиерската функција и официјално иако веќе ја најави на денот на вториот круг од изборите. Во четврток треба да се гласа доверба на Владата, па нашите извори велат дека тоа би можело да има влијание и на носењето на други владини одлуки.

Ковачевски е клучна фигура во моментов ако се анализира енергетската ситуација во земјава. Вчера од утрото не беше во функција ниту еден блок на РЕК Битола, а не се вклучени ниту ТЕЦ Осломеј, ниту ТЕЦ Неготино. Со нула домашно производство на електрична енергија, Ковачевски одлучи недостигот да се надополнува со струја од увоз.

Вчера како што објави Фактор, државната компанија за производство на струја ЕСМ плати 1,1 милиони евра за набавка на електрична енергија која е потребна само за три дена односно за периодот од 7 ноември до денеска – 9 ноември.

ЕСМ јакупува енергијата од 4 трговски компании и од еден приватен производител на струја. Цените за еден мегаватчас се движат од 199 евра до 259 евра. Само за споредба цената по која ЕСМ ја продава својата струја за потребите на домаќинствата е 37 евра за еден мегаватчас.

За завчера беа пазарени 10 мегавати моќност што е 5 отсто од инсталираниот капацитет на еден блок во РЕК Битола, а за вчера и денеска се набавуваат 90 мегавати моќност или 45 отсто од инсталираниот капацитет на еден блок од РЕК Битола.

Просечната цена за еден набавен мегаватчас изнесува 240 евра.

Сепак кон ЕСМ се посочува како клучен виновник за лошото менаџирање на производството дома во услови на недостиг и поскапување на енмергиојата и во странство. Сепак и експертите сметаат дека оваа компанија па и државата требаше подобро да го изменаџираат процесот и навреме да се подготват за ова. 

Вчера и Куштрим Рамадани, првиот човек на МЕПСО за Фактор тврдеше дека ситуацијата е многу лоша.

Рамадани е дециден дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна.

„Повторно преземавме струја и исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди во прилог. Не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е добра и не ни оди во прилог, изјави Рамадани за Фактор.

Денеска се очекува и прогласување на кризна енергетска состојба.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли