26 Април, 2024
0.0281

Ќе куртули ли Јанкулоска за мерцедесот

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Предметот за ексминистерката Гордана Јанкулоска вчера бил рефериран, но одлука не била донесена од страна на петчлениот Совет. Ова го потврдија за Фактор од Врховен суд. 

Пресудата за Јанкулоска вчера беше разгледувана зад затворени врати од петте члена на Советот на Врховниот суд.

Од таму тврдат дека детално ќе проучуваат, но кога ќе „пресечт“, не се знае.

„Предметот беше рефериран на вчерашното судење, меѓутоа одлука не е донесена. Одлука ќе биде донесена по детално проучување од страна на Советот. Не може да се предвиди кога точно“, велат од Врховен суд.

Инаку, судиите можат да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за Тенк. 

Инаку, веќе се поминати седум месеци, откако во јули лани на Јанкулоска и беше одложено издржувањето на затворската казна за овој случај.

За потсетување, Јанкуловска има правосилна судска пресуда за казна затвор од четири години, откако претходно Апелацискиот суд и ја намали првостепената пресуда од шест години. На издржување на казната требаше да замине на први јули годинава, а претходно беше „поштедена“ со образложение од судот дека има за чување мало бебе под едногодишна возраст.

Како што веќе пишуваше Фактор, петчлениот кривичен совет на Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски тогаш донесе одлука да го усвои нејзиното барање казната да се одложи, се до вонредното преиспитување на правосилната пресуда. 

Што ќе се случува понатаму, зависи како ќе пресече советот. Ако тој ја прифати правосилноста на пресудата, Јанкулоска ќе мора да замине во затвор. Но, има опција постапката да се разводени, ако случајот се врати на пониските судови.

„Доколку Кривичниот совет ја потврди правосилноста на пресудата, односно доколку се одбие барањето на осудената за нејзино вонредно преиспитување, во тој случај казната останува. Тогаш веќе нема правни пречки за издржување на казната. А кога осудената ќе почне да ја издржува казната ќе зависи од другите институции, како што е Управата за извршување на санкциите. Но, доколку се уважи барањето на осудената, има опција да се укине пресудата, и во тој случај постапката се враќа на пониските судови. Се зависи од тоа како тие ќе одлучат, што значи дека има опција и за повторување на судењето“, изјавија неодамна за Фактор од Врховниот суд. 

Инаку, предметот „Тенк“ се однесува на набавката на блиндираниот „мерцедес С 600 гард“ вреден 600 илјади евра

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот