19 Мај, 2024
0.0265

Ќе може ли сами да си доплатиме за пензија од среда?

Објавено во: Економија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Предизборните измени од Законот за пензиското и инвалидското осигурување изгласани минатиот месец треба да започнат од среда, а од ПИОМ велат дека технички ништо не може да ги спречи истите да можат да се остваруваат. Од Пензиско – инвалидскиот фонд претходно информираа дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност, за која мнозинството во Собранието брзаше да ја усвои пред да се распушти.

Со овие измени се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување доколку ја исполнил старосната граница за пензионирање а го нема потребниот стаж. Лицата кои наполниле 65 години, односно 63, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години, односно месеци, од стажот за да добијат старосна пензија.

„Фондот на пензиското и инвалидското осигурување е подготвен да го спроведе Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој е објавен на 10февруари 2020 година, влезе на сила на 18 февруари 2020 а ќе се применува од 18 март 2020 година“, гласи категорично одговорот кој го добивме од Фондот.

Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20 отсто од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување. Од претходно беше утврдено дека на повеќето граѓани им фали стаж од неколку месеци, но има и такви на кои им фалат по три или повеќе години.

Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија со поднесување на барање до филијалите. Уплатата на придонесот граѓаните ќе можат да ја извршат откако ќе го добијат решението.

Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, имаше ограничено важење  од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.

Платите остварени од 1970 до 2019 година што се земаат за утврдување на пензиската основа се пресметуваат според просечната плата на вработените во земјата од 2019 година, како последна календарска година што и претходи на годината во која осигуреникот го остварува правото на пензија.

Висината на пензиските основици за осигурениците и лицата кои не оствариле плата односно надоместок на плата по 1 јануари 1970 година за висока стручна подготовка...…23.841 денари, за виша стручна подготовка или подготовка за висококвалификуван работник 19.892, за средна стручна подготовка или подготовка за квалификуван работник 18.049, за полуквалификуван работник односно нижа стручна подготовка.15.926 и за осигуреници и лица без стручна подготовка -15.350 денари.

Овие износи се сметаа како просечна плата остварена во 2019 година и служи за утврдување на пензиската основа на осигурениците односно лицата кои не оствариле плата, а кои право на пензија остваруваат во 2020 година. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија