ЌЕ МУ БИДЕ ИСПОЛНЕТА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА, АЛЕН ДЕЛОН ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА НЕГОВИОТ ИМОТ МЕЃУ МИЛЕНИЦИТЕ: Приватната церемонија е во сабота
Објавено во: Свет 22 Август, 2024 12:23
Ален Делон, француската икона на светската кинематографијата, кој почина во
неделата на 88-годишна возраст, ќе биде погребан на приватна церемонија во
сабота во централна Франција. Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен бискуп во
југоисточниот град Гап, изјави за АФП дека актерот пред да почине го замолил да ја одржи
погребната служба.
Француските новински канали CNews и BFMTV објавија дека церемонијата ќе се одржи во 17:00 часот (15:00 GMT) во Души-Монкорбон, село во централна Франција каде Делон има имот опкружен со високи ѕидови и каде ги помина последните години.
Делон рече дека не сака национален меморијален настан, туку погреб во близина на неговите кучиња на неговиот имот во Души.
За таков погреб на приватен имот потребна е посебна дозвола од локалните власти, која сега ја додели префектот на регионот Лоар, изјави за АФП извор запознаен со процесот на аплицирање.
Во неговиот живот, Ален Делон има исчувано 50-тинакучиња, а на имотот во Души сега има Капела и триесет и пет гробници, зошто некои кои биле пар актерот ги погребувл заедно.
-Целиот мој живот е тука, во овие гробници. Сакам да бидам закопан тука меѓу моите ѕверови. Тоа ќе биде најголемиот луксуз што можам да си го замислам за себе, изјави Ален Делон на почетоков на годинава.
Франција цела недела му оддава почит на Делон, една од најголемите ѕвезди во земјата, кој исто така беше во сенка на контроверзии. Тој беше една од последните живи легенди на една златна ера на француската кинематографија во 1960-тите.
Подоцните години ги живееше главно како осаменик, но секогаш во друштво на неговиот белгиски овчар, Лобо.
фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSONМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




