26 Април, 2024
0.0276

Ќе одржи ли ЦКБ лекција во банкарскиот сектор?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

ЦКБ е првата банка која реши да направи преседан и да се задолжи на отворен пазар преку конвертабилна обврзница. Отворено на секој заинтересиран инвеститор му нуди обврзница за 2 отсто камата и можност да ја конвертира во акции и да гласа на акционерско собрание

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра, ова е суштинската информација содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември. ЦКБ е првата банка, а воедно и компанија, во 25 годишната македонска корпоративна историја, која издава корпоративна обврзница по пат на јавна понуда. ЦКБ ќе ја збогати понудата на македонскиот пазар на капитал доколку оваа одлука помине позитивно на претстојното акционерско собрание затоа што ќе издаде финансиски инструмент во кој ќе може да вложи секој инвеститор.

Што нуди обврзницата на ЦКБ?

Конвертабилната обврзница што ќе ја издаде ЦКБ е со рок на отплата од 7 години од датумот на купување. Таа е неограничено пренослива што значи дека може да се тргува на секундарниот берзански пазар. За имателите обврзницата носи годишна камата од 2,2 отсто. Обврзницата ќе се продава по пазарна цена од 1.000 евра (што е и номинална вредност), а вкупната вредност на емисијата е 5 милиони евра што значи дека ќе се понудат 5.000 обврзници. Купувач може да биде секој освен банката, нејзина подружница или лице во кое банката има учество. Значајно е тоа што обврзницата е конвертабилна што значи дека може на барање на имателот да се претвори во обична акција која носи право на глас и право на дивиденда. Конверзија на обврзниците во акции може да се прави на секои тримесеци. Вредноста на целата емисија е 22 отсто од вредноста на основната главнина на банката. Емисијата ќе се смета за успешна доколку се реализира односно продадат 60 отсто од сите 5 милиони евра.

Како работела банката во првото полугодие?

За половина година банката има добивка над 65.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од лани. Банката бележи зголемување на приходите од камати, а расте и депозитната база. покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави банката. ЦКБ Банка во првата половина годинава бележи и раст на кредитирањето. Клучен фактор што влијаеше на позитивниот биланс за првото полугодие е тоа што банката годинава нема загуба заради оштетување нефинансиски средства.

За шест месеци банката инкасирала 2 милиони евра нето приходи од камати и тие во однос на истиот период лани пораснале за 115.000 евра. Истовремено со нето приходите од камати пораснале и приходите од камати за безмалку 200.000 евра. Тие за првите шест месеци надминаа 3 милиони евра. Кај нето приходот од провизии банката книжи намалување во споредба со лани за 42.000 евра до износ од 715.800 евра. Останатите приходи од дејноста се на ниво од околу 125.000 евра што е речиси идентично како и лани. Резервациите за кредитните пласмани пораснале во однос на лани за околу 40.000 евра до износ од 173.500 евра. Клучната разлика во споредба со лани е тоа што банката нема загуби заради оштетување нефинансиски средства. Тие лани биле околу 170.000 евра. За своите вработени банката до крај на јуни потрошила 1,226 милиони евра и тоа е за околу 50.000 евра повеќе од платеното лани.


Р.Ф.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија