16 Декември, 2025
0.0775

Ќе остане ли Куманово без вода за пиење? Кумановски „Водовод“ не плаќал струја, му го раскинале договорот

Објавено во: Економија 27 Септември, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Опции се снабдување од универзален снабдувач и од снабдувач во краен случај, но ако јавното претпријатие е неликвидно и не може да плаќа прашање е дали некој ќе превземе обврска да плаќа за да може Куманово, најголемата општина во Македонија, да се снабдува со вода за пиење

Општината со најмногу жители во Македонија се соочува со ризик во догледно време да остане без вода за пиење. Вода има, но општинското комунално претпријатие „Водовод“ го изгуби својот снабдувач заради тоа што не ги плаќал сметките за вода. Договорот за снабдување со електрична енергија кумановски „Водовод“ го склучи на 1 март годинава и неговата вредност за набавка на струја беше еден милион евра без ДДВ.По само неполни 6 месеци соработка ЕДС, најдобриот снабдувач избран на тендер, одлучил да го раскине договорот со кумановски „Водовод“, а причината е нередовното плаќање на сметки.

Договорот уредувал „Водовод“ струјата да ја плаќа по просечна месечна цена која е постигната на ХУПЕКС берзата за струја во Унгарија. А на таа цена за својата услуга и покривање на своите трошоци ЕДС би пресметал 22,5 отсто маржа. Договорот требало да важи до искористување на износот од 1 милион евра или надолго 12 месеци од неговото склучување.

Компанијата за снабдување го раскинала договорот и во својот одговор до „Фактор“ наведува дека ги исцрпеле сите можности за соработка со “Водовод“ и било неминовно да донесат таква одлука. При тоа објаснуваат дека за „Водовод“ на располагање се опциите да биде снабдуван од универзалниот снабдувач или од снабдувачот во краен случај.

„Фактор“ побара информација и став и од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и доколку добиеме известување ќе го објавиме во целост. 

Еве го интегралниот текст на одговорот од компанијата ЕДС:

„ЕДС АД Скопје (Energy Delivery Solutions) е компанија која што веќе 10 години постои на македонскиот пазар и која што постојано работи по највисоки професионални и корпоративни стандарди обезбедувајќи квалитетно и непречено снабдување со енергија за своите клиенти.

За да обезбедиме непречено снабдување со енергија особено во ситуација кога цената на електричната енергија се менува од час во час, а ЕДС АД Скопје истата ја плаќа однапред, континуитетот на снабдување за целата балансна група (сите наши клиенти заедно) зависи и од ажурноста со која што клиентите ги подмируваат своите финансиски обврски согласно договорите за снабдување со електрична енергија.

Така кога некои од нашите клиенти ќе се соочат со сериозно задоцнување во прашање се доведува стабилноста на целата балансна група и ЕДС понекогаш доаѓа во ситуација кога поради неподмирени обврски на дел од клиентите се загрозува и снабдувањето со електрична енергија на останатите клиенти кои уредно и навремено ги сервисираат своите обврски. Нашата компанија има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла и кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврските, ние работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, а клиентот да има непречено снабдување, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.

Во таков случај, на клиентите им нудиме олеснување на обврските, односно подмирување на долговите на рати. Но, за жал понекогаш доаѓаме во ситуација во која што за да ја заштитиме целата баланса група и стабилноста во снабдувањето, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорот и прекин на испораката кон некои од клиентите. Во секој случај, на овие клиенти секогаш им останува опцијата да бидат снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач, односно Снабдувачот во краен случај, во зависност од нивниот законски третман, односно дали се или не се мали потрошувачи. Самиот прекин на испораката од страна на ЕДС АД Скопје не значи дека тие потрошувачи ќе останат без електрична енергија.

 Затоа, апелираме до сите наши клиенти и до јавноста дека разумното користење на електричната енергија и навременото подмирување на обврските е клучно за стабилноста на системот и снабдувањето со енергија во денешните дадени услови.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи