14 Декември, 2025
0.0749

Ќе поскапат ли струјата и природниот гас како акцизни стоки?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018 06:40

Добивај вести на Viber

Царинската управа готви нов Закон за акцизи во кој во одредени режими на користење струјата, природниот гас, лигнитот и коксот ќе бидат акцизни стоки. Ќе има ли нов удар врз македонската економија?

Царинската управа планира да воведе акциза на струјата, природниот гас, јагленот, лигнитот и коксот, дознава „Фактор“ од доброупатени извори. Засега не е познато за кои режими на користење на струјата, природниот гас, лигнитот, коксот се планира воведување акциза, но сигурно е дека за оние потрошувачи или корисници на овие суровини на кои се однесува воведувањето царина ќе добијат зголемување на своите трошоци. Дознаваме дека Царинската управа доставила покани до фирмите кои се во бизнисот со енергенси да дојдат на консултации за новата акциза која се подготвува да се пресметува на струја, природен гас и тврди горива.

„Фактор“ достави прашања до Царинската управа и доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Дознаваме дека новитетите се дел од новиот предлоз Закон за акцизите во кој во одредени режими на користење акцизни стоки ќе бидат природниот гас, електричната енергија и тврдите горива: кокс и лигнит. Сега државата наплаќа акциза на течните горива: дизели, бензини, нафта за домаќинството. Веројатно наскоро ќе почне да се наплаќа акциза и на горенаведените стоки.

Нашите извори брифираат дека струјата наменета за домаќинствата и во новиот предлог Закон за акцизи нема да се оданочува односно на таа потрошувачка државата нема да наметне акциза. Сега електричната енергија не е стока на која се наплаќа акциза. Акцизата е давачка што го полни буџетот и таа се наплаќа на стоките кои доаѓаат од увоз. Македонија нема природен гас ниту  тврдо гориво кокс што значи дека ако се точни нашите информации на овие енергенси сигурно во одредени режими на користење ќе се наплаќа акциза што значи дека ќе бидат зголемени цените на тие енергенси на нашиот пазар.

Дознаваме дека со новиот Предлог закон за акцизи Министерството за финансии ќе го добие ексклузивното право да ги утврдува висините на акцизните давачки.

Актуелниот министер за финансии Драган Тевдовски од почетокот на оваа година ја зголеми акцизата на дизел горивата, а заедно со зголеменото ДДВ на оваа стока цената на литар дизел се зголеми за 3,5 денари.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји