19 Декември, 2025
0.0642

ЌЕ ПРАВИ ЛИ ПАРИ ТАЈЛАНД: Познати деталите што ќе се случи со мистериозната пештера

Објавено во: Свет 12 Јули, 2018 11:05

Добивај вести на Viber

Пештерата на северот од Тајланд во која 12 момчиња и нивниот тренер биле заробени повеќе од две недели ќе биде претворена во музеј.

Според првите информации во музејот ќе биде претставен начинот на кој се одвивала акцијата за спасување на момчињата, а претставници наведуваат дека тоа ќе биде главна атракција на Тајланд.

Дванаесет момчиња и нивниот тренер се опоравуваат во болница. Вчера се објавени првите фотки од момчињата од болницата а на нив се гледа дека се добро расположени.

Там Луанг е една од најголемите пештери во Тајланд. Се наоѓа во близина на градот Мае Саи, во северната покраина Чианг Раи на границата со Мјанмар. Ова подрачје воглавно е неразвиено.

„Ова подрачје ќе стане музеј. Ќе поставиме интерактивна база на податоци за акцијата за спасување која ќе стане уште една атракција на Талјанд“, рекол Наронгсак Осотанкорн, шеф на мисијата на спасување.

Премиерот Прајут Чан оча изјавил дека е неопходно да се спроведат мерки на претпазливост, како внатре, така и надвор од пештерата, за да се заштитат туристите.

Уште не е познато дали музејот ќе биде оперативен во текот на цела година.

Освен тоа, две компании изразиле желба да снимаат филм за момчињата и тренерот кои биле заробени во пештерата.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела