ЌЕ ПРИЗНАЕ, ИЛИ ЌЕ НЕГИРА ВИНА: Бојан Јовановски го чека тежок ден
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2019
По две недели вршење увид во доказите кои му се ставаат над врат за случајот „Рекет“ , Бојан Јовановски денес ќе ја даде својата одбрана.
Дали шоуменот кој за кратко време се прослави ширум регионот, ќе признае дека е виновен или пак ќе ги негира сите обвинувања кои го товарат, јавноста ќе дознае денеска.
Во суд Јовановски ќе биде донесен од Шутка каде зад решетки е повеќе од 80 дена.
Минатата недела апелациониот суд, не го прифати барањето на Јовановски, за прекин на притворот затоа што истрагата е завршена и неговата здравствена состојба е лоша, оценувајќи дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен.
Третата причина за одрдувањето притвор на Јовановски - влијание на сведоци, како што е објаснето, повеќе не постои, бидејќи е завршена истрагата за случајот „Рекет“, во кој се осомничени Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и разрешената специјалната обвинителка Катица Јанева. Како и во случајот со Јовановски, Апелациониот суд во Скопје на 1 октомври донесе одлука дека третиот осомничен Јанева ќе остане во притвор заради ризик од бегство, додека скопскиот кривичен суд, на 24 септември, го испрати вториот осомничен Милевски во куќен притвор. Тројцата, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од еден од скопскиоскит бизнисмен Камчев, за да добие подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ од Специјалното обвинителство, која го водеше Јанева четири години. Истрагата за тој случај, Обвинителството за организиран криминал го започна на 5 јули, кога Јовановски и Милевски беа уапсени и приведени, додека Јанева беше задржана во притворскиот центар во Скопје во Шуто Оризари на 21 август.