АПЕЛАЦИЈА ПРЕСЕЧЕ: Боки13 останува зад решетки и покрај влошеното здравје
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019
Постојат услови Бојан Јовановски да избега поради неговата влошена здравствена состојба и поради завршената истрага и затоа Бојан Јовановски останува во притвор.
Ова е одлуката на Апелација која одлучи да не се одважи на барањата на одбраната да му биде укината мерката на првиот осомничен во Рекет.
„Ниту мојот ментален склоп, ниту мојот лик и дело не укажуваат на тоа дека ќе избегам. Кога бев уапсен, не бегав, туку одев на платен одмор од седум дена. Најважно е што живеам да ја докажам вистината во овој случај , мојата невиност“, кажа Јовановски во излагањето пред судот..
Јовановски, е прв осомничен во аферата за рекет за изнуда од 1,5 милиони евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор.