ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 500 НОВИ СТАНОВИ - се намалиле одобренијата, еве кои региони се најпримамливи
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2025
Бројот на издадени одобренија за градба во текот на ноември 2024 година достигнал 260 одобренија за градење, што е за 18,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
- Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.250.392 илјади денари, што е за 63,8 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција - се нагласува во соопштението на ДЗС.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 се наменети за објекти од високоградба, 59 за објекти од нискоградба и 46 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 260 објекти, на 146 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 метри квадартни.
Податоците покажуваат дека повторно во врвот е Скопје, каде се планира изградба на најмногу нови објекти, поточно 50, а потоа следуваат Полошкиот со 41 и Пелагонискиот регион со 40 издадени одобренија за градба.