ДАЛИ Е ОВА ГРАДОТ НА ИДНИНАТА? Проект вреден 10 милијарди долари
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2025
Лоциран на местото на поранешна фабрика за автомобили во Јапонија, „Woven City“ е замислен како „жива лабораторија“ каде што жителите ќе тестираат автономни возила, паметни домови, роботика и нови технологии за мобилност.
Првите 100 жители, сите работници на Тојота, ќе се вселат до есента 2025 година, а заедницата ќе се прошири на 360 луѓе. Овие први жители наречени „Ткајачи“ ќе помогнат во иновации и ко-создавање нови решенија за градот, пренесува Biznisinfo.ba.
Тојота го замислува „Ткаениот град“ како место за иновации, вклучувајќи идеи како моторизирани инвалидски колички, лични дронови за тркачи и роботски миленичиња за стари лица. Дизајниран од архитектот Бјарке Ингелс, „Ткаениот град“ на крајот ќе има до 2.000 жители и ќе работи на енергија добиена од водород.
Бизпортал.рсФото:Принтскрин твитер