20 Октомври, 2024
0.0291

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА ОДГОВОРНОСТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ УСМРТИ МИГРАНТКА - ОЈО со детали за случувањата во Гевгелија

Објавено во: Македонија 20 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против лица осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело Криумчарење на мигранти  од член 418 – б став 2 во врска со член 22 од КЗ.

- Полициските службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на м.в. „Стара касарна” во Гевгелија ги  затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. 

Имено, второосомничениот во улога на чистач, со ПМВ марка „Ford Focus” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. 

Првоосомничениот пак, во ПМВ марка „Mercedes” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите,  со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со „Стој полиција”. 

Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и  во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка  која веќе била сместена на задното седиште во возилото - појаснуваат од ОЈО.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата осомничени кои се гонат по скратена постапка им определи мерка притвор, додаваат од обвинителство.

- Воедно, надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката - се додава во соопштението.​

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА ГИ БРАНУВА ОДНОСИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА - од ВРЕДИ со законски цитат му се спротивставуваат на Перински

АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА ГИ БРАНУВА ОДНОСИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА - од ВРЕДИ со законски цитат му се спротивставуваат на Перински

МИЦКОСКИ СЕДНА ВО ЕВРОПСКИ ВОЗ - оди на самит каде ќе се бори за европската иднина на земјава, но и ќе ги брани македонските интереси

МИЦКОСКИ СЕДНА ВО ЕВРОПСКИ ВОЗ - оди на самит каде ќе се бори за европската иднина на земјава, но и ќе ги брани македонските интереси

„ЗГРОЗЕНИ ОД КАРЛЕУША, НО ТУРБОФОЛКОТ НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА ЖЕНСКАТА ЕМАНЦИПАЦИЈА ОД НЕВЛАДИНИТЕ“ - Божидар Божиновски за реакциите

„ЗГРОЗЕНИ ОД КАРЛЕУША, НО ТУРБОФОЛКОТ НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА ЖЕНСКАТА ЕМАНЦИПАЦИЈА ОД НЕВЛАДИНИТЕ“ - Божидар Божиновски за реакциите

ПРАВЕЛЕ „ЏУМБУС“, ГЊАВЕЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И НА КРАЈ САКАЛЕ ДА ГИ ТЕПААТ - еве што се случувало после полноќ во скопски Аеродром

ПРАВЕЛЕ „ЏУМБУС“, ГЊАВЕЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И НА КРАЈ САКАЛЕ ДА ГИ ТЕПААТ - еве што се случувало после полноќ во скопски Аеродром

НЕМА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН ИЛИ ИЗОЛАЦИЈА, НО ЌЕ БИДАТ ПОД ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР - за четири лица од Зоолошка ќе се следи дали ќе пријават било каков симптом

НЕМА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН ИЛИ ИЗОЛАЦИЈА, НО ЌЕ БИДАТ ПОД ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР - за четири лица од Зоолошка ќе се следи дали ќе пријават било каков симптом

Д-Р МАРИЈА АНДОНОВСКА ПОТВРДУВА: Вкупно 16 вработени во Зоолошка се анкетираат од епидемиолози

Д-Р МАРИЈА АНДОНОВСКА ПОТВРДУВА: Вкупно 16 вработени во Зоолошка се анкетираат од епидемиолози

ЕВЕ ШТО СОВЕТУВА Д-Р ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ - Бидете си спокојни

ЕВЕ ШТО СОВЕТУВА Д-Р ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ - Бидете си спокојни

„ПТИЧЈИ ГРИП НЕ СЕ ПРЕВЕНИРА СО КРШЕЊЕ ВРАТОВИ, ФРЛАЊЕ ЖИВИ ВО КАНТА И СТРЕЛАЊЕ СО ПУШКИ - „Анима мунди“ со жестока реакција

„ПТИЧЈИ ГРИП НЕ СЕ ПРЕВЕНИРА СО КРШЕЊЕ ВРАТОВИ, ФРЛАЊЕ ЖИВИ ВО КАНТА И СТРЕЛАЊЕ СО ПУШКИ - „Анима мунди“ со жестока реакција

ПОВЕЌЕ ПАТИ СИЛУВАЛ 13 ГОДИШНО ДЕТЕ - кривична пријава против 70 годишник од Куманово

ПОВЕЌЕ ПАТИ СИЛУВАЛ 13 ГОДИШНО ДЕТЕ - кривична пријава против 70 годишник од Куманово