АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА ГИ БРАНУВА ОДНОСИТЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА - од ВРЕДИ со законски цитат му се спротивставуваат на Перински
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2024
Претставници на коалицијата „Вреди“ тврдат дека општините имаат законска можност да ја финансираат Албанската академија на науки и уметности. Ова следува откако министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Законот за локална самоуправа не дозволува парите да се трошат на иницијативи кои не се во основната надлежност на општината. Сепак, од Вреди не го менуваат ставот Тетово, Чаир, Желино и Гостивар да одвојат средства за Академијата. Секретарот на Општина Чаир, Фарук Невзати, се повикува на Законот за научно-истражувачка дејност, пренесе ТВ 21.
„Законот за научно-истражувачка дејност предвидува дека единиците на локалната самоуправа (општините) имаат право да финансираат научно-истражувачка дејност, во членот 49 став (1): Средствата за финансирање на научно-истражувачката дејност се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија согласно со целите и приоритетите утврдени во Националната програма, како и со развојните програми од јавен интерес за Република Македонија и од други извори: меѓународните програми и фондови, единиците на локалната самоуправа…“, вели Фарук Невзати.
Градоначалникот на Липково од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, истакнал дека тие воопшто не биле запознаени со ваквата идеја на колегите од „Вреди“. Од партијата претходно истакнаа дека Академијата била првично презентирана како тело на национално ниво и нема да дадат поддршка за невладина организација.
„Вреди“ во намерата не доби поддршка ниту од владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, а социјалдемократите информираа дека нивните советници во четирите општини нема да гласаат за буџетите за наредната година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.