18 Декември, 2025
0.0435

Ќе се претвори ли Србија во втора Украина?

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2013 08:01

Добивај вести на Viber

Многумина стравуваат дека земјата може да се претвори во втора Украина "Русија е еден од главните трговски партнери на Србија, заедно со Италија и Германија", изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ за време на средба со руски бизнисмени во градот Јагодина. Таму руската компанија North Karton ќе гради фабрика за производство на картонска амбалажа. Руските претприемачи, предводени од Владимир Словохотов, кој е сопственик на North Karton, беа поздравени од Дачиќ, кој рече дека тие треба да се чувствуваат како дома, бидејќи се наоѓаат меѓу пријатели. Тој изјави дека се радува на поголемо присуство на руски компании во земјата и потсети дека вредноста за изградбата на "Јужен поток" на територијата на Србија е околу две милијарди евра. Според него на овој проект ќе бидат ангажирани илјадници луѓе и бројни компании. Дачиќ вели дека владата подготвува програма, чија цел е да се зголеми извозот и развојот на локалното земјоделство. Тој објасни дека во првите девет месеци на 2013 година економијата на земјата постигна мал раст и е особено задоволен од фактот дека индустриското производство се зголеми за повеќе од 5 отсто во однос на истиот период минатата година. Рускиот пазар е огромен и Србија треба да пристапи кон организиран извоз на својата земјоделска продукција, истакна тој. Дачиќ додаде  и дека на средбите во Москва со рускиот премиер и претседател му е кажано дека Русија е подготвена да купи се што Србија во областа на земјоделството ќе произведе. Сепак и покрај големата поддршка која  Русија и ја дава на Србија, медумите во земјата пред една недела напишаа дека постои опасност земјата да се претвори во втора Украина, бидејќи руското влијание во неа се зајакнува. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии