19 Мај, 2024
0.0362

Ќе се произнесе, или сепак Советот на јавни обвинители ќе ја фрли топката во Собрание за разрешување на Зврлевски?

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На денешната седница советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлог барањето за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски .

Дали Советот ќе се произнесе по ова прашање засега е неизвесно, но многумина сметаат дека топката јавните обвинители ќе му ја префрлат на Собранието.

И покрај тоа што советот има 15 дена рок да се произнесе  по предлогот за разрешување на јавниот обвинител, нивното мислење не е обрзувачко, за разлика од постапката за избор, каде што доколку не се даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите, се објавува нов оглас.

Пред една недела Владата реши да покрене постапка со која бара да се разреши актуелниот државниот јавен обвинител. Во образложението се наведуваше дека Зврлевски  незаконско и ненавремено ја извршувал функцијата.

Како дојде, а како ќе си замине Марко Зврлевски?


21 Јануари 2013 година, во вечерните часови Собранието со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан, го избра Марко Зврлевски за нов Јавен обвинител. На оваа позиција дојде од скопското обвинителство, наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Четири години подоцна, почнува постапката за разрешување на Зврлевски, со тоа што од страна на Владата предводена од СДСМ е покрената инцијатива. Следни на потег се Советот на јавни обвинители кој треба да испрати мислење до Владата. Обвинителот Зврлевски непосредно по изборот во 2013 година беше регистриран на Ромскиот бал, во друштво на Сашо Мијалков, Никола Грувески и Амди Бајрам, по што не запреа коментарите за негова блискост со доскорешната власт предводена од Вмро-Дпмне. 

Кои случаи останаа “под клуч“ ?

На позицијата државен јавен обвинител, Зврлевски дојде како единствен кандидат што се пријави на огласот. Тогаш на адреса на Владата стаса позитивно мислење од страна Советот на јавни обвинители. 

“Пред претседателот на Собранието на Република Македонија дадов свечена изјава, заклетва дека при вршењето на функцијата јавен обвинител ќе постапувам само согласно Уставот, законот и ратификуваните договори и дека притоа ќе постапувам непристрасно, совесно и стручно. Ваква заклетва имав дадено и во 2009 година и оттогаш наваму се трудев да ги почитувам овие правила и принципи и се надевам дека ќе продолжам во таквото постапување“ -  изјави тогаш назначениот нов државен обвинител  Марко Зврлески.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела