26 Април, 2024
0.0307

Се бараат економски мерки за поддршка на градежниот сектор

Објавено во: Економија 26 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Деловното опкружување, зголемените трошоци за репроматеријали, организацијата на работењето во новонастанатите услови со почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот, намалените капацитети на централната и на локалната администрација, намалувањето на интензитетот на објавување јавни набавки за градежни работи, како и предложените измени на Законот за работните односи, со кои се предвидува недела да биде неработен ден, предизвикаа градежните компании, иако со задоцнување, сериозно да ги почувствуваат последиците од здравствено-економската криза. Градежништвото во јануари 2021 година, оствари реален годишен пад од 16,6% што е резултат на значителното намалување на извршените градежни работи кај високоградбата од 18,2% и кај нискоградбата од 14,9% - беше истакнато на денешната прес – конференција наЗдружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението истакна дека она што особено загрижува се зголемените трошоци за репроматеријали на светските берзи и проблемите при транспортот во глобалните синџири на снабдување кои предизвикаа раст на цените на градежните материјали, со што се доведува во прашање исплатливоста на реализацијата на одредени проекти особено на оние кои се изведуваат врз основа на договори во кои се предвидени фиксни цени за изведба. Тој информираше дека како резултат на глобалните движења во индустријата, состојбата на снабдување со суровини за производство во моментов е многу тешка и некои суровини можат да се набават само по многу високи цени, поради што, иако производителите во нашата држава преземаат мерки што се во нивна моќ да ги амортизираат поскапувањата, сепак неизбежно е зголемувањето на цените на одредени производи кои се користат при градбата.

„Според нашата анализа, поскапувањата се движат и до 80% кај челикот, до 40% кај стиропорот, до 30 % кај производите од сувата градба, а ценовни поскапувања се забележуваат и кај другите градежни материјали (до 30 % за заштитни премази и течна хидроизолација, како и до 20 % за производи од битумен и масла). Поскапувањата се проследени и со зголемување на времето на испорака кај речиси сите добавувачи, а исто така има и задоцнување на испораките и откажување на нарачките – информираше Серафимовски.

Имајќи ги предвид овие ценовни поскапувања, надополнети со другите проблеми кои ги носи пандемијата, очигледно е дека се созреани условите за креирање пакет мерки со кои ќе се ублажат негативните ефекти пред тие дополнително да се продлабочат, а Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите е подготвено да ги стави на располагање своите стручни капацитети и да ги презентира анализите со кои располага со цел во соработка со надлежните институции, да придонесе кон креирање на соодветни решенија за поддршка на компаниите.

Градежните компании искажуваат загриженост и за предложените решенија во Законот за работните односи со кои недела се предвидува како неработен ден и сметаат дека истите ќе имаат сериозни негативни последици врз градежната индустрија и реализацијата на капиталните проекти.

Мора да се земе предвид дека за разлика од други дејности, извршувањето на работите во градежништвото е директно зависно од повеќе фактори кои влијаат на извршувањето на работите во овој сектор (временските услови, технологијата, роковите, спецификите на градежните материјали). Поради ваквата природа на дејноста, градежништвото, особено активностите поврзани со реализација на големите капитални инвестиции и објекти од јавен интерес не смеат да трпат никакви ограничувања ниту со Законот за работните односи, ниту со посебните закони. – заклучи Серафимовски.

Членките апелираат надлежните институции уште еднаш да ги преиспитаат предложените решенија и да остават можност градежните компании да ги организираат работните процеси согласно потребите за успешна реализација и договорените рокови, што подразбира денот недела да биде работен ден за градежништвото како стопанска гранка, секако со доследно почитување на правата на работниците и користење на правото на неделен одмор во другите денови од неделата како што и во моментот е уредено со важечките прописи.

Бројот на активни деловни субјекти во градежништвото во 2020 година изнесува 5.263 или 7,2% од вкупниот број на активни деловни субјекти, додека бројот на вработени изнесува 55.165 лица или 6,9 % од вкупниот број вработени на ниво на државата.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека