29 Март, 2025
0.0406

ЌЕ ВРАЌАМЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ СМЕ ГИ ИМАЛЕ ДО 2008 ГОДИНА: за поголема безбедност во угостителските објекти

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 14:24

Добивај вести на Viber

Ќе се менува Законот за угостителска дејност во делот на проверката на минималните технички услови за работа пред издавање на лиценцата за работа. Со ова всушност, како што посочи Министерот за економија, Бесар Дурмиши, ќе се вратат одредби кои важеле пред 2008 година. Тој укажа дека министерството е задолжено да започне со подготовка на измени на Законот на владината седница одржана на 18 март.

- Овие измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа. Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат - рече Дурмиши.

Прашан колку лиценци за кабаре се издадени за време на неговиот мандат, Дурмиши рече дека не го знае точниот број и додаде дека во архивата на Министерството има вкупно 24 активни издадени лиценци од кои 18 се за кабаре, а другите се за клубови.  За тие кои немаат лиценци и работат посочи дека има други надлежни органи кои треба да направат инспекција и соодветно да ги казнат.

На прашањето дали смета дека е виновен неговиот претходник, рече дека не е надлежен за давање на какво било мислење за тоа да зборува.

Истакна дека во новото законско решение вредноста на казните ќе се покачи за да се спречат немили настани како во клубот „Пулс“ во Кочани и додаде дека работна група веќе работи на тоа.

- Не знам колкави ќе бидат казните, но ќе бидат многу повисоки за да се спречи да ни се случуваат немили настани - потенцира Дурмиши.

Нагласи дека сите институции кои се надлежни да вршат контрола доколку се утврди дека не се почитуваат одредбите од странката за издавање на лиценца го известуваат Министерството кое веднаш им ја одзема лиценцата. 

- Извршени се 116 вонредни надзор врз основа на Законот за угостителска дејност при што решение за привремен забрана добиле 10 правни субјекти, а утврдено е дека 15 правни субјекти од 23 кои имаат активна лиценца не ги исполнуваат минималните технички услови. Кај шест правни субјекти кои немаат лиценца или им е истечена, а е утврдено дека функционирале во изминатиот период, издадени се решение за забрана за вршење на дејност. При тоа се издадени околу 60 прекршочни платни налози- објаснуваше министерот.

На сите кои не го почитуваат законот, како што рече, ќе им се забрани дејноста. Прашан дали смета дека има одговорност за случајот „Пулс“, рече дека нема некој во земјава кој во овие моменти не чувствува морална одговорност.

- Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија во едно место, туку е алармантен симптом на распаднат систем длабоко вкоренет во долгогодишна корупција кој го наследивме. За лажната лиценца на „Пулс“ органите на прогон веќе постапуваат. Ние како Министерство за економија и труд не сме надлежни и немаме механизам за проверка дали некоја компанија или фирма има лиценца или не, дали работи со документ или не. Едноставно немаме механизам за тоа да го контролираме. Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола - истакна Дурмиши. 

Во делот на издавање на лиценци, како што појасни, согласно Законот за угостителска дејност за да работи ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор мора да има за тоа валидна лиценца. Таа лиценца ја издава Министерството за економија и труд со поднесување на барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок за давање услуги. Кон барањето се доставува Решение за упис во трговскиот регистар издадено од Централниот регистар во оригинал не постар од 6 месеци, Одлука за определување на висната на надоместокот за кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, донесена од советот на општината, потоа Пријава за исполнување минималните технички услови за вршење угостителска дејност, Согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот во оригинал.

- Во 2008 година за да се подобри бизнис климата добронамерно е сменат законот и странката со морална и кривична одговорност ги доставува документите. Пред 2008 година требаше да аплицира до ДПИ па тие да проверат дали се исполнети условите - рече Дурмиши.

Додаде дека Министерство за економија и труд постапувајќи по поднесеното барање ја разгледува документацијата која содржи акти и документи издадени од други институции и врз основа на истата, доколку се исполнети условите задолжително ја издава Лиценцата за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор со период на важност од една година.

- Министерство за економија и труд не е надлежно ниту има механизам за вршење увид, надзор или контрола во објектот во кој ќе се врши дејноста. Во однос на висината на надоместокот кој треба да го плати вршителот на дејноста истата ја определува советот на општината. Од надоместокот 50 проценти се уплатува на сметка на општината, а 50 проценти се уплатува во Буџетот на Република Северна Македонија - појасни Дурмиши.

Во прилог на барањето наведениот образец „Пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угостителска дејност“, истакна, е формулар кој правниот субјект го пополнува со бараните основни податоци за субјектот, дејноста, просторија за лична хигиена на гостите, посебни одредби за вработените, капацитет за простор за послужување, вентилација, број на  излези за итни ситуации и многу други критериуми, при што истиот изјавува дека дадените податоци во пријавата се вистинити и притоа образецот го доставува во подрачно одделение на Државниот пазарен инспекторат. 

- Во однос на Согласноста од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот барателот може за истиот да поднесе барање до Министерство за внатрешни работи, а доколку не поднесе, по службена должност Министерството за економија и труд ќе се обрати со барање мислење до МВР. По добивање на мислењето од МВР, Министерството за економија и труд ја изготвува соодветната лиценца за која е поднесено барањето. 

Доколку се добие негативно мислење во однос на исполнетоста на условите наведени погоре Министерството за економија и труд ќе донесе решение за одбивање на барањето и не се издава бараната лиценца. Доколку во периодот на важноста на лиценцата (1 година) МВР констатира дека кај одреден субјект се изменети односно не ги исполнува условите за кои е надлежен да врши контрола и надзор, ќе го извести Министерството за економија и труд по што министерството ќе донесе решение за одземање на веќе издадена лиценца - истакна Дурмиши.

Нагласи дека секој правен субјект без разлика на дејноста за која е регистриран вклучувајќи ги и сите угостителски објекти пред започнување со работа задолжително поднесува пријава или известување за започнување со работа до градоначалникот на општината, Инспекторат за труд, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за храна и ветеринарство (доколку подготвува и послужува храна), УЈП и други надлежни институции кои се предвидени согласно позитивните законски прописи за која документација се подразбира дека задолжително ја има поднесено, по што може да поднесе барање за издавање на лиценца за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор.

Фото: Принтскрин/Јутуб/Влада.мк

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор

ФИЛИПЧЕ БАРА ЛИДЕРСКА: Што велат другите партии?

ФИЛИПЧЕ БАРА ЛИДЕРСКА: Што велат другите партии?

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ВАСО ЈОВАНОВ: Возел со 0,8 промили алкохол и со брзина од 91 километар на час, се бара продолжување на притворот

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ВАСО ЈОВАНОВ: Возел со 0,8 промили алкохол и со брзина од 91 километар на час, се бара продолжување на притворот

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИСПЛАТИ ЦРВЕН КРСТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ А КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Информациите ги објави Црвен крст

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИСПЛАТИ ЦРВЕН КРСТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ А КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Информациите ги објави Црвен крст

Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција

Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција