Ќе замине ли ‘Chanel 5′” во историјата?
Објавено во: Стил
16 Февруари, 2014 12:00
Добивај вести на Viber
Да се ограничи употребата на некои состојки на славните парфеми и природна козметика, предложи Европската комисија, а во некои случаи и во целост да се забрани, поради голем ризик од алергии.
Доколку овој предлог се прифати големите европски производители на парфеми и природна козметика ќе мора да го променат составот на своите производи, со цел да се заштитат 15 милиони Европејци за кои се проценува дека имаат кожна алергија.
"Ова не е насочено кон некој одреден парфем, не станува збор за забрана на 'Chanel 5'", изјави комесарот за права на потрошувачите Невен Мимица, додавајќи дека производителите ќе имаат меѓу две и пет години да се прилагодат на новите прописи.
Листата на забранети и ограничени состојки во козметичките производи не е ревидирана уште од 2003 година, поради што Европската комисија побарала проценка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: