20 Декември, 2025
0.1197

Ќерката на заменик-министерката Маја Манолева ќе му продава струја на ЕСМ

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2024 12:08

Добивај вести на Viber

Ќерката на заменик-министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева, како млад електротехнички инженер стана директор на Соле 24, новоетаблирана компанија за тргување со електрична енергија во Македонија, која истовремено редовно му продава големи количества струја и на ЕСМ.

Од минатата недела младата Тина Манолева е поставена за нов управител на компанијата, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, по што во 2022 брзо се етаблираше во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар во земјата. 

Станува збор за странска компанија зад која како сопственик стои албански државјанин, а лани ова друштво се пријави меѓу првите учесници да тргува со електрична енергија на формираната берза-ден однапред 

Во последните година дена Соле 24 редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија кога производството не може да ги задоволи потребите, а тоа го прави често во последно време. Државните електрани знаат месечно да потрошат и по неколку милиони евра за купување електрична енергија од приватните снабдувачи, а Соле 24 речиси постојано е еден од понудувачите на набавките заедно со трговци од типот на ЕТМТ, ГЕН-И, Футуре Енерџи, Данске Комодитис, Дуферко и други.

Пред десетина дена ќерката на заменик-министерката Манолева е основач и на фирма која првично треба да се бави со угостителство. Тина Манолева и нејзиниот брат Андон Манолев ја регистрирале „Кабранти“ со подружница СКП 5 17 што треба да претставува кафе-бар во новоотворениот Дајмонд Мол во Скопје. Партнери на ќерката и синот на Манолева се Бранкица и Катерина Тунџеви, ќерките на Борис Тунџев, долгогодишниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Маја Манолева пред една година беше назначена за заменик на министерот во Министерството за здравство а на функцијата дојде како директор на јавната здравствена установа Завод за физикална медицина и рехабилитација.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба