15 Декември, 2025
0.1174

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2025 12:29

Добивај вести на Viber

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме побрзо закрепнување на повредените лица. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за бесплатен третман на сите пациенти што имаат потреба од болничка нега. Нашата цел е заеднички да се избориме со оваа страшна трагедија и да помогнеме онаму каде што е потребно.

Од 16 март до денес во амбулантите на Ургентниот центар на болницата,  прегледани се 19 пациенти, а во моментов се хоспитализирани четири пациенти. По стабилизирање на здравствената состојба, дел од пациентите што беа хоспитализирани се пуштени на домашно лекување.

По добивањетона информацијата за трагичната несреќа, „Аџибадем Систина“ оформи Кризен штаб, кој е во постојана координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, со цел да се вклучи онаму каде што е најпотребно.За да овозможи максимална посветеност и грижа на повредените пациенти, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде специјален лекарски конзилиум, составен од лекари од различни специјалности.На располагање се и 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

Повредените лица што се третираат во „Аџибадем Систина“ ја добиваат најдобрата грижа на ниво на светските болници, а тоа го утврди и екипата на странски експерти, кои дојдоа да ја посетат болницата и да се запознаат со начинот на третман на пациентите.

„Имавме можност за размена на искуства со специјалисти по интензивно лекување и специјалисти по пластична хирургија од Израел и Чешка,кои ја посетија нашата болница. Тие се согласуваат дека нашите пациенти се лекуваат според сите светски протоколи и добиваат третман еднакво ист како што би добиле и во нивните болници. Добивме поддршка од нив за третманот“, вели д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување.

Покрај третманот на пациентите во болницата, „Аџибадем Систина“ веднаш се вклучи во помош и со своите три медицински возила за транспорт на поврeдените лица до здравствените центри. Амбулантните возила се опремени со сета неопходна апаратура за спроведување на интензивна нега на пациентот за време на транспортот. Во возилото секогаш има анестезиолог и анестезиолошки техничар, кои ги следат виталните параметри на пациентот и спроведуваат медицинска нега.

Медицинските возила на „Аџибадем Систина“ досега извршија вкупно 18 медицински транспорти, од кои: 4 меѓународни транспорти до болниците во Солун, 2 медицински транспорти за преземање на пациенти од друга здравствена институција до нашата, и 12 медицински транспорти до аеродромот Петровец.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство