28 Април, 2024
0.0274

КЛУЧ НА ВРАТА НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ: Наместо контролор, блокатор на државните набавки?

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата става клуч на врата на Советот на јавни набавки. По три ипол години од формирањето, згаснува државното тело кое требаше да биде контролор и заштитник од фаворизирање при јавни набавки. Наместо тоа, според дел од експертите, Советот се претвори во блокатор и кочничар во процесот на спроведување на јавни набавки – што на крајот се прекрши врз грбот на граѓаните - во здравството, образованието. Само од наплата на услугите за ангажирање на советници за проценка на доставените документи од страна на институциите, советот наплатил околу 2 милиони евра, објаснуваат експертите за “Фактор“.

Во Советот вработени 37 луѓе ...

Советот на јавни набавки започна да функционира на 1 ви мај, 2014 година, како дел од системот на јавни набавки.

“Формирањето на Советот на јавни набавки се наметна како потреба врз основа на спроведените анализи и изготвените извештаи од страна на релевантните институции за состојбата на пазарот на труд и услуги, од аспект на примената на принципите на јавните набавки“ - се наведува во Извештајот за работењето на Советот на јавни набавки 2014 – 2017 година.

Од формирањето до денeска, бројот на вработени во Советот на јавни набавки постојано расте. На чело на Советот стои претседател и уште шест членови, сите именувани од Владата по пат на јавен оглас, со мандат од четири години со право на повтрен избор. Интересно е дека борјот на именувани челнови, од формирањето до сега е во постојан пораст, па така во 2014 дел од советот биле 4 челнови, следната 2015 се проширил за уште еден во 2016 стасал до шест членови, плус претседател.

Со Правилникот за внатрешна организација на Советот на јавни набавки утврдени се 50 работни места на административни службеници, распоредени по организациски единици. Работата на Советот стартувала со 19 а заклучно со април 2017 година имало 37 вработени. Најголем дел од вработените, или 18 луѓе се со статус советници а 10 се со звање “помлад соработник“

Се укинува Советот – зошто ?

Со предлог за скратена постапка, Владата пресече – се укинува Советот на јавни набавки. Според најавите на министерот за финансии Драган Тевдовски, овој државен орган треба да престане да постои на крајот од декември, годинава. Укинувањето е најавено како дел од реформите во системот за јавни набавки.

“Со Советот за јавни набавки, јавните набавки тешко се спроведуваат, имаат бројни неоправдани бирократски бариери, кои не само што не придонесуваат да се спречат можните злоупотреби, туку доведуваат до блокирање на институциите и ги спречуваат во нивното функционирање“ – вели министерот за финансии Тевдовски.

Директорот на Бирото за јавни набавки, Ѓорѓи Георгиевскивели дека овој институт не ги дал очекуваните придобивки за олеснување на постапката за јавните набавки, туку бил кочничар преку кој се одолговлекувале постапките. Тврди дека сегашните вработени нема да останат без работа.

“Вработените во Советот нема да останат без работа и ќе одат на трансфер листата на јавната администрација“ - вели Георгиевски.

Дел од експертите што ги праша “Фактор“ оценуваат дека укинувањето било неопходно и очекувано, со оглед на тоа што овој совет се претворил во бирократски блокатор во процесот на јавни набавки, а резултат на тоа се задоцнети набавки во образованието и во здравството, со што последиците ги трпат учениците и пациентите. Проблеми во функционалноста на советот константираа и од Центарот за граѓански комуникации, каде прават детални анализи за јавните набавки.

“Годишно, договорните органи бараат од Советот повеќе од 16.000 согласности и плаќаат вкупно околу два милиони евра за стручните лица кои ги ангажира Советот(двајца), а целата постапка на барање согласности значително го продолжува времетраењето на постапките за јавни набавки. Ваквиот голем број на побарани согласности, којшто е речиси на ниво на бројот на објавени огласи е последица на неефикасниот, неконзистентен и дискрециски начин на одлучување на Советот за јавни набавки, којшто најчесто дава согласност дури по поднесено второ коригирано барање, а не ретко и по трето поднесено барање за согласност“ - велат од Центарот за граѓански комуникации и објаснуваат:

“И покрај воспоставениот механизам за истражување на пазарот и за добивање согласност од Советот за јавни набавки, во дел од тендерите институциите и натаму поставуваа дискриминаторски технички спецификации и критериуми за способност на понудувачите кои се нереле- вантни и непропорционални со она што се набавува“.

Официјалниот извештај за работата на Советот на јавни набавки обелоденува дека од 2014 година до крајот на 2016 година, за 48% од поднесените барања донесена е позитивна одлука додека за повеќе од половина, или за 52% е одлучено негативно, односно не е дадена согласност.

Во рамки на најавените реформи во системот за јавни набавки е предвидено и носење нов закон за јавни набавки до октомври следната година. Поддршка за реформите беа изразени од ЕУ и од невладиниот сектор.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност