КЛУЧ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Без ова нема да можете да се вработите
Објавено во: Економија 06 Март, 2020 06:55
Познавањето на германскиот јазик ќе има многу важна улога за вработување во Германија.
Од апликантите за работа се очекува напредно знаење кое одговара на Б1-ниво на заедничката европска референтна рамка за јазици, што претпоставува можност за учество во разговори на познати теми или за деловно работење, разбирање на емисиите на радио или телевизија и снаоѓање во странска земја.
Трајче Илиев, професор по германски јазик од Велес вели дека за да се достигне нивото Б1, кандидатот треба многу да работи. Потребно е време, но и желба да се совлада германскиот јазик. Ова ниво подразбира дека aпликантот мора да знае да разговара, но и да пишува на германски јазик.
„Се зависи од желбата на кандидатот, волјата, колку ќе работи, ќе се посвети. Имав ученичка која за 12 месеци го помина тоа ниво Б1, но јазикот се учи со години. Луѓето треба да знаат да разговараат, да водат дијалог, да се снајдат во средината кога ќе разговараат со Германци, да напишат состав на германски јазик. Не е едноставно. Тоа Б1 ниво значи дека треба течно, разбирливо да се зборува германскиот јазик. Исто така, многу е важно за кандидатот дали претходно има некое предзнаење или не“, вели тој.
Новиот закон за работа во Германија е и карактеристичен со тоа што доколку имате повеќе од 45 години има посебни услови. Овие услови се заострени со новиот закон за странски државјани на таа возраст.
За да добијат дозвола за престој и работа, тие мора да докажат дека ќе заработуваат најмалку 3.685 евра бруто месечна плата, или дека веќе стекнале пензија или имаат средства да ги исполнат основните трошоци за живот, за да не станат товар на државата во старост.
Според новиот закон, на работниците од земји кои не се членки на ЕУ, во иднина во Германија ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни од германските институции и за кои нема кандидати од Германија или земји од ЕУ. како што беше случај досега.
Околу 10.000 луѓе годишно од Македонија заминуваат во Германија.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




