Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА - ТРЕТ БЛОК e предводена од Демократски сојуз
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016
Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА информира дека на гласачкото ливче е под реден број 5.
„Со оглед на тоа што се појавија повеќе дезинформации во јавноста, Ве известуваме дека Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА - ТРЕТ БЛОК (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО - РП), согласно Коалицискиот договор кој е доставен до Државната изборна комисија, е предводена од Демократски сојуз. На гласачкото ливче е под реден број 5“ - додаваат од Коалицијата,
Оваа информација е доставена и до Државната изборна комисија, додаваат во соопштението.