Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 13:27
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски,во своето обраќање до пратениците во Собранието, коментирајќи го предлог-буџетот за 2026, рече дека Обвинителството повторно ќе нема пари за сите потреби, а во меѓувреме зголемени се трошоците за поскапените вештачења.
Како пример тој го наведе случајот со увезениот мазут од стотина милиони евра кој беше купен за потребите на ТЕЦ Неготино, за кој Обвинителството се сомнева во неговиот квалитет и отвори предмет.
„Годинава се соочивме со исклучително сложени предмети и од областа на еколошкиот криминал, кривични дела кои предизвикаа и огромни последици на нашата животна средина, но и ги вознемирија граѓаните. Само еден пример сакам да истакнам тука за да илустрирам за какви трошоци за докажување зборуваме. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на предмет поврзан со квалитетот на набавките на мазут и неговото влијание врз здравјето на граѓаните. За вештачење на само еден примерок кое мора да се врши во странство, потребни се 1.500 евра, а треба да се извештачат можеби 300 или повеќе примероци“,речеКоцевски.
Тој додаде дека Обвинителството работи едвај со една третина од потребниот број вработени во јавнообвинителската служба. Најмалку во следните три и пол години нема да биде примен ниту еден нов јавен обвинител.
„Станува невозможно да се споредиме дури и со земјите во најблиското опкружување. Сите обвинителства во регионот се дигитализирани, опремени и со фукционални системи за управување со предметите. Иако баравме, во предлог-буџетот за 2026 повторно не се предвидени средства за државно кофинансирање на новиот систем за управување со предметите, кој во најголем дел требаше да е покриен со средства од ИПА. За опрема за сите јавни обвинителства во земјава, државава вкупно планира помалку од 30 илјади евра.
Бидејќи често се споменува дека финансиите треба да бидат поврзани со резултатите во работата, подготвен сум да зборувам и за резултати. Истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ обвинителството ја заврши за помалку од 2,5 месеци и ги обезбеди сите потребни докази. Овој предмет е вистинска потврда зошто е толку важно да се негуваат и да се инвестира во ресурсите на обвинителството, но и на правосудството во целина. Ваквите трагични настани никој не може да ги предвиди, а ние мора да имаме услови за да овозможиме ефикасна правда.
Освен ова, по целосно спроведени истраги, во судска постапка влегоа многу сложени предмети, како што е „Онкологија“, злоупотребите откриени во предметот „Адитив“, повеќе злосторнички групи кои се обвинети за трговија со дрога и убиства“,речерепубличкиот обвинител.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




