19 Декември, 2025
0.0436

Кочани потпиша рамковен договор од 1 милион денари за бина, озвучување и осветлување - Од 2022 до 2025 година, сумата скокнала двојно

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 10:47

Добивај вести на Viber

Во време кога жителите на Општина Кочани жестоко се противат на музика во нивниот град, В.Д. градоначалникот Венко Крстевски потпиша рамковен договор од над 1 милион денари, или околу 19 илјади евра за изнајмување бина, озвучување и осветлување на културни и други настани организирани oд Општина Кочани.

Договорот е потпишан со фирмата Алфа Саунд од Кочани и е потпишан за во следните 12 месеци.

Но, цените двојно поголеми за разлика од 2022 година и нешто повисоки за разлика од 2023 и 2024 година, иако се работи за буквално истата јавна набавка. Па така, ако во 2022 година, бина – алуминиумска конструкција со кров, 8 на 6 метри, со по две појачала од по 1200, 900 и 750, шеснаесет звучни кутии од 400 вати, миксета со 32 влеза, пет микрофони за тапани, исто толку вокални микрофони и микрофони за инструменти, осветлување, рефлектори во минимум 15 бои и агрегат од три киловати по потреба чинеле 123 илјади денари, во 2024 година, сумата била 175 илјади денари, а во 2025 година, 210 илјади денари.


Бината од среден тип пак, во 2022 година чинела 78 илјади денари. Во 2024 година, истата била 95 илјади, а годинава, 118 илјади денари. ЛЕД екраните од 42 метри квадратни во 2022 година чинеле 52 илјади денари, во 2024 година, сумата скокнала на 70 илјади, а во 2025 година, 82 илјади денари.

Во 2023 и 2024 година, сумата останала иста. Овие пари се предвидени да се трошат за Денови на кочанскиот ориз, новогодишен конценрт, хуманитарни концерти и други настани.

Во договорот е предвидена и забавата која в.д. градоначалникот Крстевски ја најави за Петровден – празникот на градот Кочани, но не се одржа под притисок на жителите.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите