По три и пол години, „Феро инвест“ на Кочо Анѓушев доби општински тендер
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021 07:59
По три години компанијата „Феро инвест“ каде мнозински сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев доби јавен општински тендер. Потпиша договор и за 23,7 милиони денари треба да изгради мала хидроелектрична централа за ЈП Комуналец - Кавадарци. Договорот e објавен на 23 февруари на сисетомот на јавни набавки.
Претходно најголемата компанија на Анѓушев последениот тендер го доби во 2017 кога бизнисменот и професор на машинскиот факултет беше назначен за вицепремиер за економски прашања, но рече дека на истиот учествувал пред да биде одлучено дека ќе биде дел од Владата.
За јавната набавка која предизвика бурни реакции во јавноста рече дека била распишана во февруари уште пред да се знае дека тој ќе биде дел од новата влада. Тој додаде дека „Феро Инвест“ не само на овој тендер, туку нема да склучи ниту еден друг договор, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.
– „Феро Инвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата – рече Анѓушев, кој беше дел од Владата
Десетина дена по напуштање на вицепремиерската функција, на почетокот од 2020 се врати на чело на своите компании. Беше вицепремиер две и пол години, а во пресрет на формирањето на техничка влада кажа дека имал усмен договор да биде функционер само еден мандат.
Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“. Анѓушев преку „Феро Инвест“ е ко-сопственик во уште 11 компании од кои 10 се регистрирани како производители на електрична енергија (станува збор за мали хидроелектрични централи н.з) и една компанија за технички прегледи, испитувања и анализи.
„Феро Инвест“ е компанија регистрирана за трговија на големо со други машини. Ова друштво во 2019 остварило приход од 5,6 милиони евра, што е за 79 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на оваа компанија лани паднал за 13 отсто и изнесува 1,1 милиони евра.
А:К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




