18 Декември, 2025
0.0576

Коцките се наместија! Ќе ги огрее ли екстра дивиденда акционерите на „Стопанска банка Скопје“?

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2024 10:24

Добивај вести на Viber

По тригодишен пост доаѓа ли време за обилна дивиденда за акционерите во „Стопанска банка Скопје“? Клучниот услов е исполнет: банката префрли во капитал 40 милиони евра кои досега беа расположливи за поделба на дивиденда. Со тој потег ја бетонира својата пазарна позиција, ги исполни сите барања на централната банка и што за акционерите е најважно обезбеди „виза“ да ја подели во дивиденда добивката за 2023 година која изнесува над 56 милиони евра!

Претстојат ли многу добри вести за акционерите на „Стопанска банка Скопје„? Ова е првото прашање што ќе си го постави секој инвеститор во акции на нашата берза откако ќе ја прочита предлог одлуката за претстојното акционерско собрание на кое доминантниот акционер ќе префрли 40 милиони евра во капиталот на „Стопанска банка Скопје“. Со таа одлука тие пари ќе ја засилат актуелната солидна капитална позиција на оваа голема банка. Кажано со речникот на градежниците тие 40 милиони евра ќе бидат армирано-бетонска конструкција на и така силната (капитална н.з.) статика на оваа голема банка. А тоа само по себе е ногу квалитетна и позитивна ценовно чувствителна информација. Затоа што на таа акција во иднин и дава голем потенцијал за раст кој е резултат на пазарниот капацитет на банка.

И сега најважното прашање : што со добивката од 56,43 милиони евра остварена во 2023 година?

Суштината на објавата достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=66538 (поточно точка 2 н.з.) всушност води до тој заклучок.


Со инвеститорски речник кажано сега банката ја отвори портата за да донесе одлука за поделба на дивиденда во значаен износ, а при тоа Централната банка да не може да најде никаква замерка.

Затоа што адекватноста на капиталот е значајно поддржана со инфузијата од 40 милиони евра кои веќе нема да бидат достапни за акционерите. Но затоа пак ќе нема пречки акционерите да добијат солидна дивиденда од добивката вредна над 56 милиони евра остварена во 2023 година.

А доколку ја подели во целост таа добивка во дивиденда тоа би дошло и до 3 евра во бруто износ. А акционерите на „Стопанска банка Скопје“ постат односно се воздржуваат од поделба на дивиденда три години... 

Евентуално некаква пречка за реализација на вакво сценарио би можела да биде недефинираната позиција и отвореното прашање на најголемиот акционер со имателите на приоритетни акции. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?