Кое комунално претпријатие прави милион евра профит од собирање отпад?
Објавено во: Економија 14 Септември, 2020
Тетовското јавно комунално претпријатие „Тетово“ лани оствари профит од 1,2 милиони евра и е единствена јавна комунална фирма во земјава што има профит поголем од еден милион евра. И тоа е резултат од приходи кои изнесуваат 5,3 милиони евра. Јавното претпријатие кое во минатото беше постојана мета на критики лани има извонредни финансиски резултати! Приходите зголемени за 50 отсто, а профитот умножен за 6 пати! По финансиските резултати излегува дека тетовци се презадоволни од услугите на фирмата со која управа Џељаљ Цека
Тетовското јавно комунално претпријатие е шампион во својата категорија. ЈКП „Тетово“ лани од својата дејност „собирање безопасен отпад“ остварило приходи во износ од 5,26 милиони евра и остварило профит од своето работење во износ од 1,2 милиони евра. Во споредба со претходната година (2018 г. н.з.) приходите на ЈКП „Тетово“ се зголемени за 56 отсто,а профитот на јавното претпријатие изнесува 1,2 милиони евра што е неспоредливо подобар резултат од претходната година која друштвото ја завршило со загуба од работењето од 200.000 евра.
Тетово, агрегатно гледано, во последниве три години е најчесто споменуван како најзагаден град што неколку пати во одредени период се наоѓа на листата на најзагадени градови во Европа. Воедно, Тетово многу пати во прилозите на телевизиските дневници и во текстови на весниците и порталите беше третиран како град со многу диви депонии и град со голем проблем со расчистување на сметот. Финансиските резултат за 2019 година е навистина големо и позитивно изненадување на општата јавност. И покрај тоа што немаме податок за тоа колкав е процентот на наплата , компанијата остварила приходи што надминуваат 5 милиони евра и остварила профит што надминува 1 милион евра. Дејностите од јавен интерес кои ги сервира ова јавно претпријатие произлегуваат од собирање и депонирање отпад, одржување јавни површини, одржување на јавното зеленило, дистрибуција на вода за пиење, управување и одржување на водоводниот систем во Тетово, одржување на канализацискиот систем, одржување на православните гробишта.
Со таква добивка ЈКП „Тетово“ е единствено јавно претпријатие кое има профит што се мери во милиони евра.
За споредба еве ги другите најпрофитабилни јавни комунални градски претпријатија во земјава:
„Комуналец“ од Прилеп, приходите од јавните дејности лани изнесуваат 3 милиони евра, а добивката изнесува 144.000 евра и е за 30 отсто пониска од 2018 година
ЈКП „Охридски комуналец“ приходите лани изнесуваат 2,3 милиони евра и не бележат промена во однос на претходната година. Добивката на друштвото лани изнесува 114.000 евра и е за 60 отсто пониска од 2018 година.
ЈП „Плаваја“ од Радовиш лани била во добивка од 155.000 евра на приходите кои изнесуваат 1,25 милиони евра и се за 10 отсто повисоки од 2018 година. Добивката лани пораснала за 4 отсто во споредба со 2018 година.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.