„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“
Објавено во: Економија 18 Јули, 2025 06:30
Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта на вечерашната трибина насловена како Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.
Трајановски информираше за тоа каква состојба затекнал во претпријатието и што се е направено за овој краток период од една година Влада.
„Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не се работеше механизацијата или ја немаше или пак не работеше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри“, кажа Трајановски.
Директорот информираше за реализираните патни правци во овој период.
„Од Страцин до Крива Паланка, од Градско до Дренево од Дреново до Фариш, го пуштивме и патот од Врбјани до Ботун кој по 11 години беше пуштен. Тоа е одлика на наше домаќинско и одговорно работење. Ние поставуваме нови стандарди за работење во сите институции“, вели Трајановски.
Трајановски додаде дека тука не се сопира и оти се работи на уште многу други патни правци.
„Работиме на еден од најважните правци Кичево – Охрид, интензивно работиме за по 13 години или се надевам следната година да го пуштиме и тој патен правец“, изјави Трајановски.
Според Трајановски Македонија се наоѓа во една експанзија на патна инфраструктура.
“Веќе го објавивме тендерот за Скопје - Блаце за оние фамозни 10 километри. Тие почнаа од Блаце кон Скопје и направија само два километри кои завршуваат во еден дол“, информираше Трајановски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




