27 Ноември, 2024
0.0375

Кога ќе стигнат инвестициите од Катар?

Објавено во: Економија 17 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Зајакнување на економската соработка и можноста за инвестиции од Катар во Македонија била главната тема на вчерашната средба на премиерите на двете држави, Груевски и Џабир Ал-Тани. На делегацијата од Катар и биле претставени инвестициските можности во повеќе сектори, а делгацијата од Катар во следните денови дополнително ќе ги скенира состојбите.

„На делегацијата од Катар и ги претставивме реформите во економската сфера кои ги спроведува Владата, како и постигнатите резултати кои нудат опкружување за отворање и развој на доходовен бизнис, но и поволностите што ги нудиме за потенцијалните странски инвеститори,  секако тргнувајќи од фактот дека Македонија е високо рангирана од најпознатите финансиски меѓународни институции во однос на добрата бизнис клима, изјави премиерот Никола Груевски.

Сепак, засега конкретно е најавено само отворањето на Амбасада на државата Катар во Скопје, за што Груевски смета дека ќе доведе до унапредување на соработката меѓу двете земји особено на економски план.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Ал-Тани пак изјави дека на средбата било разговарано за четири- пет идеи. А претставници на двете земји потпишаа меморандум за соработка, едниот во областа на здравството, другиот во областа на комуникацијата на стопанските комори.

„Договорите што беа потпишани покажуваат дека воспоставуваме добра основа за соработката меѓу Катар и Македонија во однос на инвестициите во  земјоделството, енергетиката, образованието. Големината на двете земји е речиси иста и може многу добро меѓусебно да се разбереме. Охрабрени сме од реформите што се спроведуваат во Македонија и од подобрувањето на бизнис опкружувањето, кое е вистинското за започнување бизнис, изјави премиерот Ал-Тани.

Во потрага по инвестиции од Катар!

Во потрага по инвестиции од Катар, беа повеќе делегации од земјава, едни предводени од  премиерот Никола Груевски, други од претседателот Ѓорѓе Иванов. Катарски бизнисмени ги посетија и министерот за финансии, Зоран Ставрески, министерот за економија, Ваљон Сараќини,  тогашниот вицепремиерoт за евроинтеграции, Теута Арифи како и вицепремиерот за рамковен договор, Муса Џафери. Се потпишаа серија меморандуми, се најавија милионски вложувања во земјава, но засега се уште нама никаков конкретен проект. Иако минатата година во мај катарски бизнисмени одблизу ја скенираа Македонија, конкретна најава за инвестиција не стигна. Но, и тогаш беа најавени опциите за отворање бензински пумпи и производни прехранбени фабрики, воспоставување директна авиолинија Доха-Скопје и инвестиции во рударство, туризам, недвижности, земјоделство и во енергетика. За време на таа посета претставниците на Qatar Investment Holding и на државната енергетска компанија Qatar Electricity and Water Company имаа неколку часовен состанок со сега веќе поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, каде се интересирале за докапитализација на ЕЛЕМ, преку влез во проектот Чебрен и Галиште.

И додека Македонија чека на конкретна инвестиција, годинава Емирот на Катар, шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани беше во обиколка на Балканот, на Албанија, Бугарија, Полска.  Неодамна пак катарскиот премиер соопшти дека е одлучено земјата да инвестира и милијарда евра во заедничкиот фонд со Атина. Емирот на Катар, Хамад бин Халифа ал Тани си купил шест грчки островот во Јонското Море за сума од само 8,5 милиони евра, а освен оваа зделка во Грција, Катар пројавил  интерес за вклучување во приватизацијата на грчкиот аеродром „Елиником“. Најава за инвестиции стигна и во Хрватска, каде медиумите пишуваа оти Емирот на Катар сакал да вложи милијарди евра во изградба на терминал за течен природен гас на островот Крка. Но, исто италијанскиот државен инвестициски фонд „Фондо стратеџико Италијано“ во понеделникот потпишал вносен договор со „Катар холдинг“, со кој во наредните четири години катарски капитал во износ од над една милијарда евра и при тоа станува збор за заеднички вложувања.

Истовремено Катар создаде инвестициски фонд од 12 милијарди за купување лоши пласмани во странство, во обид да профитира од слабоста на глобалните пазари.

Катар е втора најбогата земја во светот!

Со БДП по жител од 102.700 долари лани, Катар е втората најбогата земја во светот. Оваа земја минатата година оствари брутодомашен производ од 181,7 милијарди долари според куповната моќ. Дури 79% од економијата отпаѓа на индустријата, а 20,9% на услугите. Минатогодишниот раст на економијата достигна 18,7%. Катар е една од најголемите и најбрзорастечки економии во светот. Нафтата и гасот придонесуваат оваа Арапска полуостровска земјав да стане една од најбогатите во светот. Извозот на Катар минатата година изнесуваше 104,3 милијарди долари, што ја рангира на 37 место во светот. Оваа земја извезува течен природен гас (ТНГ), нафтени производи, вештачки ѓубрива, челик, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Сингапур, Велика Британија. Најголемиот увоз во оваа земја доаѓа од САД.

Домашните инвестиции во Катар лани изнесуваа 32,3 милијарди долари, а нивните инвестиции во странство 23,54 милијарди долари. Иако е меѓу најбогатите земји со нафта и гас, Катар води економска политика на инвестирање во три приватни фондови, кои се полнат со парите од продадениот гас и нафта. Емирот од Катар поседува свои острови во Нов Зеланд и во Австралија, купува земјишта, бачила, инвестира во енергетика, земјоделство, здравство, образование, туризам.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза