Кога ќе паднат залихите на нафта?
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016 10:01
Вишокот на светскиот пазар на нафта веројатно дополнително ќе се намали, што ќе допринесе за рамнотежа на пазарот до крајот на оваа година, соопшти ОПЕК.
„Прекумерните залихи на пазарот веројатно ќе паднат во наредните квартали“, се наведува во јунскиот извештај на Орагнизацијата на извозници на нафта.
Цените на нафта во моментов се благо под 50 долари за барел, достигнувајќи го тоа ниво изминатите месеци откако во јануари се лизнаа на минимални 25 долари за барел.
Ова опоравување , според извештајот на ОПЕК е резултат на низа фактори , како што се слабиот долар, помало производство во САД и прогнозиран остар пад на залихи во нечленките на ОПЕК годинава.
Од ОПЕК меѓутоа, порачуваат дека залихите се секогаш значајно поголеми од побарувачката.
Солидно економско опоравување ширум светот, и покрај слабиот почеток на годината , веројатно ќе допринесе за идно зголемување на побарувачката на нафта“, наведуваат членките на ОПЕК, потсетувајќи дека глобалната економија оваа година би требало да оствари раст од 3,1 одсто после растот од 2,9 одсто од минатата година.
„Светската побарувачка за нафта би требало да порасне за 1,2 милиони барели дневно во втората половина во тековната во однос на истиот период во 2015 година, со што глобалната побарувачка за нафта ќе достигне просечни 94,18 милиони барели дневно во целата година“, се наведува во соопштението на ОПЕК.
Побарувачката во развиените земји кои и припаѓаат на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) според прогнозите на ОПЕК, ќе биде најголема во Северна и Јужна Америка, во Европа ќе стагнира, а во Азија ќе падне.
Надвор од ОЕЦД, побарувачката ќе биде силна и во Индија благодарение на солидниот економски раст, но разнолика во Кина.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




