Kога ќе стигнат кинеските вакцини во земјава?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Министерот за здравство, Венко Филипче е воздржан во однос на информациите кога ќе дојдат кинеските, а кога руските вакцини.
Филипче денеска изјави дека за неколку дена ќе има попрецизни информации од кинеската компанија „Синофарм“ и руската компанија „Спутник“. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека дури и една година по почетокот на ширењето на вирусот во Македонија, Владата не успеала да обезбеди вакцини. Вакцинацијата во Македонија почна на 17 февруари со 8.200 вакцини на „Фајзер“ кои ни ги донираше Србија. Со овие дози ќе бидат вакцинирани здравствените работници.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска јавно праша дали е вистина дека кинеската компанија го вратила авансот уплатен од македонската Влада.Денес во Македонија има 721 заразен со коронавирусот. Бројките последниве денови покажуваат раст.
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание

Жан Митрев: Го посетивме момчето што го доби новото срце, насмевките на докторите се доказ дека е во добра состојба
