Добивај вести на Viber
Русија треба да направи скок во развојот на фундаменталните науки, изјави претседателот на Федерацијата Владимир Путин. Повод за изјавата станаа санкциите на земјите од Западот, кои го ограничија пристапот на Москва до напредни технологии заради нејзините активности во Украина.
Говорејќи на владин состанок во Санкт Петербург, Путин рече дека изречените забрани можат да ја стимулираат Русија да развива сопствени технологии.
Вашингтон го забрани извозот на високо тешнолошка нафтена опрема за Русија и воведе санкции на руските нафтени гиганти, како "Роснефт", "Лукоил" и "Гаспромнефт", а им забрани на западните компании да им помагаат во развојот и работењето на наожалиштата на длабоко морето крај арктичките брегови, како и на наоѓалиштата на шкрилци и нафтени наоѓалишта.
Русија, која е втор светски извозник на нафта, се потпира на арктичките и на резервите на нафтени шкрилци за одржување на дневен принос од околу 10,5 милиони барели, откако приносите од западносибирските нафтени полиња веќе се намалуваат. Руската економија е сериозно погодена од падот на цените на нафтата и зголемениот притисок врз рубљата што ја исправува земјата пред ризик од рецесија.
Путин рече дека Русија нема да ги сече субвенциите за наука и ќе ги држи над нивото од 834 милијарди рубљи (15,56 милијарди долари) до 2020 година, како што е предвидено, и покрај потребата да се ревидираат буџетските трошоци заради падот на приходите од извозот на нафта и гас. Оваа година тоа се половина од сите руски приходи од извоз.
Во меѓувреме стана јасно дека Русија нема да учествува на средбата во Брисел, посветена на ситуацијата околу "Јужен поток". Ова го соопшти пред медиумите рускиот министер за енергетика Александар Новак.
На крајот на минатата недела беше објавено дека заменик-претседателот на Европската комисија и комесар за енергетските прашања Марони Шефчович закажал за 9 декември неформален состанок во Брисел на министрите за енергетика на Бугарија, Унгарија, Словенија, Австрија, Хрватска, Италија, Грција и Романија, на која ќе биде разгледана ситуацијата околу одбивањето на Русија од проектот "Јужен поток".
Се очекува земјите од Европската унија (ЕУ), кои спаѓаат во трасата на прекинатиот проект за гасоводот "Јужен поток", да прифатат во Брисел заедничка декларација, претходно соопшти портпаролот на Европската комисија.
Предвидено е министрите за енергетика на земјите од ЕУ опфатени во проектот, да се состанат на работен ручек во ЕК.
Европските енергетски министри ќе учествуваат и на состанокот на Советот на ЕУ, на која се очекува темата за "Јужен поток" да биде земена, макар да не е вкоренета недвосмислено во агендата. Според официјалната програма Советот ќе разговара за "последните случувања во полето на енергетските односи".
K.K.