29 Септември, 2024
0.0243

Кога Максим Димитревски ќе ја презентира програмата и тимот?

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Движењето што ќе го формираме ќе биде главниот носител на идната власт, во октомври ја најавуваме нашата платформа и програма, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. 

Тој гостуваше на Телма каде кажа дека 90 отсто од неговите активности се насочени на креирање на нова програма и нов буџет за следната или за наредните три години каде што ќе бидат имплементирани постоечките програми што се на сила, наплата на средства и постигнување на повисоко ниво на заштеди.

„Во попладневните часови се посветувам на здружението „За наше Куманово” и сите останати здруженија во државата. Веќе во септември верувам ќе формираме нов субјект, политичко движење, тоа ќе зависи од сите тие здруженија за кои веќе информиравме и во октомври ќе ја најавиме нашата платформа и програма. Имаме одличен тим, којшто јавноста ќе го слушне во септември и ќе оставам простор самите тие да се откријат. Граѓаните се познати по градовите кадешто формиравме здруженија во 8 градови, тоа се луѓе од локално ниво, а во Скопје ќе ги слушнете во септември”, рече Димитриевски.

Вели дека новата влада ќе ја сочинува експерти и луѓе коишто досега немале искуство во политика.

„Не знам кој ќе победи на изборите, но знам дека движењето коешто ние ќе го формираме ќе биде главниот носител на идната власт. Ние ќе коалицираме со сите оние што ќе прифатат да потпишат една сериозна платформа, првенствено национална за македонскиот народ, а подоцна да седнеме на иста маса и реално да разговараме како тоа се креира и формира мултиетничко, а не биетничко општество во државата“, изјави Димитриевски. 

Вели дека сега имаме само една убава форма во којашто политичарите се разбираат взаемно одлично, но мултиетницизмот не функционира во суштина. 

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна