15 Декември, 2025
0.0338

„КОГА ПОЧНАА ДА МУ ПАЛАТ КОЛИ, ГАНИУ ПРАВИ ДВА ФАЛСИФИКАТИ“: Арсовска со објаснување за случувањата во Чаир

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2025 07:04

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по бројните објави деновиве за нелегалните градби во општина Чаир, излезе со тврдење дека во таа општина со лажни документи веќе се легализирани згради кои имаат и по 50 станови. 

Висар Ганиу со фалсификат документи во општина Чаир незаконски “легализирал” згради од по 50 стана на 20.03.2025 година. За него нема никаква одговорност, додека луѓе со децении не можат да легализираат по 20 квадрати тераси и гаражи низ цела Македонија. Државата и институциите не функционираат - напиша Арсовска во објавата во која исто така сподели и видео од гостување. 

Во него таа посочува дека иако градоначалникот на општина Чаир неколку пати бил одбиен за легализација на 150 објекти, бидејќи немал ниту документи за истото, ниту биле соодветно направени. Меѓу другото градоначалничката укажа дека на 20 март 2025 направил фалсификат, иако му биле испратени инструкции кои треба да ги следи, или да се стопира постапка и да се оди по легален пат, или да се сруши тоа што е нелегално изградено. 

- Уште пред три години, за секоја дивоградба која пробал да ја легализирам му се пратени инструкции како да постапува, или да обезбеди документи, или да се сруши тоа што се изградило нелегално. Еден по еден се наредија 150 случаи - посочува таа и додава дека градоначалникот на Чаир стопирал со постапката во градот, но со лажни документи аплицирал во Катастарот. 

- Откако почна да му гори, да му палат возила во Чаир, почна да врши притисок да добие документи за тие згради. Замислете како ќе изгледа да излегувам за секоја зграда поединечно во јавност дека се бара легализација без основ - кажа Арсовска.

Слушнете и сами што тврди Арсовска. 


Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани