05 Декември, 2025
0.0310

Кога размислувате позитивно, ќе ви се врати позитивно, малата Дариа од Скопје успешно ја заврши последната хемотерапија

Објавено во: Општо 11 Јули, 2022 15:13

Добивај вести на Viber

Време е за убави работи - малата Дариа од Скопје пред една недела ја прими последната рунда на хемотерапии откако ѝ беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија и сега конечно може да замине на домашно лекување.


Дариа има само три годинки, а на Инстаграм ја забележавме како најпозитивното и најслатко девојче со најголема насмевка. Нејзините родители, во знак на поддршка на сите деца кои минуваат низ оваа и други болести, го водат Инстаграм профилот на Дариа известувајќи за нејзината состојба и како тече нејзиното опоравување. Така минатиот викенд ги соопштија најубавите вести - Дариа заврши со хемотерапиите и си отиде на домашно лекување.


- На крајот на секој тунел се гледа светлина, мојата светлина си ти. Тунелот го помина храбро и со насмевка на лицето, насмевка која на сите нас ни даваше мотив и храброст да се бориме за тебе - напиша нејзиниот татко Ермин Цуљевиќ од Скопје.

Ермин и неговата сопруга се родители на две деца , Дарис (7) и Дариа (3).Тој е бербер, основач на берберницата Mr.Barber, 15 години е во тој занает, а веќе три години е со сопствен бизнис. За себе скромно вели дека е обичен човек, но тој за прв пат во нашата држава направи персонализирана апликација за закажување на берберски услуги. 

За сите овие девет месеци откако дознале за болеста на Дариа, Ермин и сопругата не престанале да веруваат дека „Кога размислувате позитивно, ќе ви се врати позитивно” - ова всушност било и нивното мото да продолжат да се борат и да веруваат дека Дариа ќе оздрави.


- Можам само да кажам дека нај лошото е зад нас. На Дариа ѝ беше дијагностицирана леукемија (поточно акутна лимфобластна леукемија). Болеста е агресивна, но за среќа победлива. Поминаа долги 9 месеци откако дознавме, а толку трае и лекувањето кое сѐ уште не е завршено. Иако Дариа ги заврши сите хемотерапии тука не е крајот. Лекувањето ќе продолжи во домашни услови и ќе трае околу 15 месеци.

Таа сега е многу подобро, весела е, насмеана и позитивна како и секогаш.

Прочитајте повеќе за малата Дариа на Женски магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: