Кога загина Тоше, од Германија веднаш заминав за Крушево: Искрено со Жељко Самарџиќ
Објавено во: Стил 08 Февруари, 2019 09:06
Со сосема нов имиџ, нови песни и познатата насмевка и топлина поради која го сака публиката, Жељко Самарџиќ беше на гости во Скопје, за да го промовира концертот на 16 февруари, кој ќе се одржи во ВИП Арената. Специјален гостин на пејачот од Мостар кој живее во Белград, а го поминал целиот свет, ќе му биде Миле Кузмановски. Радувајќи му се на концертот, расположен за разговор, Жељко ни раскажа дека никогаш нема да го заборави својот прв настап во Скопје.
Негов близок колега и пријател беше Тоше Проески. Жељко се сеќава дека не денот на трагичната несреќа, кога загина Тоше, тој со неговиот менаџер бил во Германија. „Кога слушнавме што се случило, мојот менаџер Саша и јас, право од Германија заминавме во Крушево, во куќата на родителите на Тоше да им изјавиме сочуство. Воопшто не застанавме во Белград. Без оглед на нашата генерациска разлика, тоа беше едно прекрасно пријателство“, вели Жељко и ја опишува првата средба со Тоше.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





