19 Декември, 2025
0.3589

КОГО НАЈМНОГУ НАПАЃА КОРОНАВИРУСОТ - старите и болните најризични

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2020 11:48

Добивај вести на Viber

Најризична група за коронавирусот се болните и возрасните луѓе.

Кина го објави првото обемно истражување за Ковид-19, според кое најголемиот ризик постои за возрасните и болните луѓе. Во извештајот се нагласува дека меѓу децата нема жртви.

Крвната плазма од поранешни пациенти, кои биле заразени со новиот коронавирус, содржи антитела, кои може да придонесат за намалување на неговата количина кај пациенти во тешка состојба.

„Би сакал излекуваните да донираат крвна плазма. Тоа ќе им даде надеж на пациентите, чија состојба е сериозна“, изјави експертот Го Јанхун.

На 11 пациенти, хоспитализирани во Вухан, од каде што почна епидемијата, минатата недела им била дадена крвна плазма, изјавил Сун Јанжун од Центарот за биолошки истражувања при Министерството за наука и технологија на Кина. Еден од нив веќе е пуштен од болница, а останатите успешно закрепнуваат.

Според последните бројки, од Ковид-19 досега починале 1.900 лица, а 72.500 се заболени. Официјален Пекинг нагласи дека во последните денови е регистриран пад на нови случаи, што значи дека жариштето е под контрола.

Но, според шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека тенденцијата „треба да се толкува многу внимателно“.

„Тенденциите можат да се променат. Рано е да се каже дали тој регистриран пад ќе продолжи. Секое сценарио се уште е на маса“, вели Гебрејесус.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела