14 Декември, 2025
0.0287

Кој подобро се стопли со БЕГ: скопјани или акционерот од Кипар?

Објавено во: Економија 26 Март, 2018 07:07

Добивај вести на Viber

БЕГ во 2016 година остварил добивка од 3,66 милиони евра од регулирана дејност – затоплување на скопјани. Резултатот е повеќе од фантастичен особено заради тоа што се знае дека цената на нивната услуга ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика, а БЕГ претходната 2015 година имала загуба од речиси 1,2 милиони евра

„Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ), компанијата што работи регулирана дејност – снабдување на скопјани со топлинска енергија во 2016 година остварила нето профит од 3,66 милиони евра односно 226,1 милиони денари. Дали оваа компанија, која ги грее скопјани со закупена опрема на „Топлификација“, дава висок квалитет на услуги? Веројатно да, за тоа треба да кажат скопјани. Но сигурно е дека со работата во 2016 година е задоволна кипарската фирма Битар Холдингс Лимитед единствен акционер и сопственик на БЕГ. Особено заради тоа што до крајот на 2016 година БЕГ има акумулирана добивка од 379,17 милиони денари (официјален податок утврден од независен ревизор) и тоа од регулирана дејност – снабдување со топлинска енергија. Само за потсетување на читателите БЕГ не ја утврдува услугата на пазар затоа што нема конкуренција туку е монопол, па неговата цена на услуги ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Оперативната добивка на БЕГ во 2016 година била 14,5 отсто од неговите приходи од продажба! Ова е сооднос на приходи од продажба и профит  што многу компании кои работат во пазарни услови во други дејности можат само да го сонуваат, а не и да го остварат.

Како сработел БЕГ во 2016 година?

Приходите од продажба на компанијата во 2016 година биле 1,63 милијарди денари и тие се пониски за 185 милиони денари и во најголема мерка тоа е заради цената на главниот енергенс што го набавува БЕГ, а тоа е природниот гас кој се преработува во топлинска енергија со која се загрева најголемиот дел од Скопје. Од консолидираниот извештај за сеопфатна добивка на независниот ревизор се гледа дека токму трошокот за набавка на суровини и потрошни добра на БЕГ во 2016 година е речиси преполовен односно изнесува 565,3 милиони денари, а во 2015 година изнесувал 1,092 милијарди денари. Тука е суштинската разлика која компанијата ја прави за да направи добивка од 3,66 милиони евра.

Единствено значајно зголемување во трошоците БЕГ има за набавка ја топлинска енергија (која веројатно ја купува од ТЕ-ТО) и тој трошок во 2016 година изнесува 314,3 милиони денари и е поголем за 46 милиони денари во однос на 2015 година. Зголемување има и кај трошокот за амортизација и тоа е 5 милиони денари до износ од 16,1 милиони денари. Трошокот за 325 вработени во 2016 година бил 223 милиони денари што е за речиси 9 милиони денари помалку во однос на 2015 година и тоа за истиот број на вработени.

Почитувани читатели, заради објективни причини не сме во можност во анализа да ги обработиме наодите на независната ревизија на БЕГ заради тоа што материјалот (ПДФ формат) објавен на сајтот на Македонска берза е нечитлив. Се надеваме дека наскоро материјалот ќе биде реобјавен по што ќе добиеме можност да ги анализираме наодите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје