КОИ ДРЖАВИ ИМААТ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ И НАЈВАЖНО, КОЛКУ ИМА РУСИЈА: Во базите и подморниците во моментов се распоредени околу 1.500 нуклеарни боеви глави-проценка на експертите
Објавено во: Свет 02 Март, 2022 13:24
Рускиот
претседател Владимир Путин издаде наредба да се стави нуклеарно оружје во
состојба на готовност. Но, колкаво количество на вакво оружје навистина има
Русија? Британскиот сервис BBCима своја анализа.
Аналитичарите велат дека потегот на Путин треба да се третира како предупредување до другите земји да не се мешаат во ситуацијата со Украина, а не како вистинска најава за употреба на нуклеарно оружје. Нуклеарното оружје постои речиси 80 години и многу земји го гледаат како гаранција што ја обезбедува националната безбедност.
Колку нуклеарно оружје има Русија?
Бројките се проценети и според Здружението на американски научници, Русија има 5.977 нуклеарни боеви глави, или уреди кои се активирач за нуклеарна експлозија. Во оваа бројка се пресметани и оние кои се надвор од уредите и кои треба да бидат демонтирани, ги има 1.500.
Од преостанатите 4.500, повеќето се стратешко нуклеарно оружје, балистички проектили или проектили кои можат да погодат далечни цели. Токму овие оружја обично се поврзуваат со нуклеарна војна. Останатите се помали и помалку деструктивни нуклеарни оружја со краток дострел што се користат на боиштата или на море. Но, тоа не значи дека Русија нема илјадници нуклеарно оружја со долг дострел кое е на готовност.
Експертите проценуваат дека околу 1.500 нуклеарни боеви глави моментално се распоредени во базите и подморниците.
Како се споредуваат со другите?
Девет земји во светот имаат нуклеарно оружје. Тоа се Кина, Франција, Индија, Израел, Северна Кореја, Пакистан, Русија, САД и Обединетото Кралство.
НАТО, односно САД, Франција и Велика Британија имаат вкупно 5.943 парчиња, од кои 5.428 се во САД, 290 во Франција и 225 во Обединетото Кралство.
Кина има 350 боеви глави, Пакистан 165, Индија 160, Израел 90 и Северна Кореја 20.
Кина, Франција, Русија, САД и Обединетото Кралство се меѓу 191-та земја што го потпишаа Договорот за нуклеарно оружје. Со тоа тие се обврзаа да ги намалат залихите на нуклеарно оружје, односно се обврзаа целосно да ги елиминираат. Договорот навистина доведе до намалување од 70-тите и 90-тите. Индија, Израел и Пакистан никогаш не се приклучија на Договорот. Северна Кореја го напушти во 2003 година.
Од деветте земји со нуклеарно оружје, Израел е единствената која никогаш официјално не признала дека има програма за нуклеарно оружје. Украина нема никакви нуклеарни боеви глави, а спротивно на обвинувањата на Путин, нема докази дека се обиделе да ги набават.
Колку е деструктивно нуклеарното оружје?
Нуклеарното оружје е направено за да предизвика максимално уништување. Радиусот и степенот на уништување зависи од неколку фактори. Првата е големината на боевата глава, втората е колку високо над земјата е детонирана, третата е околината.
Дури и најмалата боева глава може да предизвика голема штета и трајни последици. Бомбата која уби 146.000 луѓе во Хирошима била 15 килотони. Денешните боеви глави можат да бидат до 1.000 килотони. Малкумина би можеле да преживеат нуклеарен напад во самата зона на експлозијата.
По заслепувачката светлина доаѓа огромна огнена топка и ударен бран што може да уништи згради и други структури во круг од неколку километри.
Дали треба да бидеме загрижени?
Веројатноста за нуклеарен конфликт во моментов е малку поголема од вообичаеното, но сепак е мала. Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави за Би-Би-Си дека Британија досега не видела промена во позицијата на руското нуклеарно оружје. Сепак, тоа ќе продолжи внимателно да се следи, пишува Би-Би-Си.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




