28 Април, 2024
0.0267

Кои два фактори го „закочија“ растот на Македонија?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Намалена е прогнозата за економскиот раст на Македонија, оцени Европската комисија. 

Два факори го „закочија“ растот на земјата. 

Политичката неизвесност влијае за одложување на одлуките за инвестирање, а од планираните капитални проекти се реализираа само 23%.

Европската комисија ги намали очекувањата за раст во земјава, од 3,1% на 2,1%. Политичката состојба во земјава и слабата реализација на капиталните инвестиции се фактори за неостварливиот проектиран раст. 

Стапката на раст ќе заздравува во следните години, според ЕК, но со забавено темпо. Очекуваат идната година растот да достигне 2,8%, а дури во 2020-тата ќе изнесува 3,1%.

Растот во земјава, иако се реализира во далеку помал процент од планираното, во најголема мера е придвижен од зголемениот извоз. Комисијата очекува дека во следните две години извозот ќе продолжи да расте.

Прогнозираат зголемување на стапката на вработеност, но и на висината на платите.

Во извештајот се констатира дека иaкo јавниот и државниот долг, како процент од БДП, лани се намалиле, годинава пак е забележан раст што ќе продолжи во следните две години. ЕК прогнозира дека долгот ќе се зголеми повеќе отколку што се очекува во Владините проекции.

Очекувањата за економски раст на земјава претходно ги намалија речиси сите меѓународни институции, но и НБРМ, чија проекција за раст од 3,2% е корегирана на 2,3%.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека Република Македонија на крајот на годината ќе има убедливо најлош раст на БДП во регионот. Велат дека од земја која беше лидер во регионот во економска политика, сега се тркаламе на дното. Тие бараат некој да понесе одговорност за лошата состојба во економијата. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност