20 Декември, 2025
0.0791

Кои фирми добивале пари за чистење на канали?

Објавено во: Економија 06 Септември, 2016 08:21

Добивај вести на Viber

За пет години, Министерството за земјоделство потрошило околу 3,5 милиони евра за чистење на канали. Парите завршиле на сметките на приватни фирми, а според обвинувањата од опозицијата дел од нив се на сметките на фирмите што се дел од групацијата на лидерот на Социјалистичката партија, партија што раководи со министерството. Официјалните податоци, добиени од Министерството за земјоделство покажуваат дека најмногу пари за оваа намена се потрошени во 2014 година, а најмалку во 2011 година. Односно, вредноста на склучените договори во 2010 година изнесувала 309 илјади евра, во 2011 година сумата е 81 илјади евра, во 2012 година за оваа намена се потрошени 427 илјади евра, во 2013 година се склучени договори вредни 656 илјади евра, во 2014 година сумата изнесува 1,6 милиони евра, а во 2015 година е 352,1 илјади евра. Од оваа година, договорите за чистење на каналите ги склучува АД Водостопанство на РМ. Ова е листата на фирми кои ги добивале тендерите за чистење на каналите: 2010 2011 12 2013 2014 2015 Неодамна опозицијата преку својот дополнителен заменик министер Љупчо Николовски обвини дека најголем дел од парите се слеани на фирмите на Љубисав Иванов - Ѕинго. Фактот дека ресорот земјоделство го води кадар на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов –Ѕинго, а неговите фирми од една страна добиваат тендери за чистење на канали, а од друга страна се случуваат поплави поради неисчистени канали, и поради тоа повторно од буџетот им се исплаќаат милионски суми за санирање на штетите од таквите поплави за опозицијата е доволен да се зборува за конфликт на интереси при доделувањето на тендерите, но и не неодговорност во трошењето на парите. На ваквите обвинувања од ресорното Министерство посочуваа дека тендерите се водени согласно сите законски процедури, а победувале фирмите кои имале најдобри понуди. Последните поплави од минатиот месец, кои завршија со човечки жртви, само уште повеќе ја отворија дилемата околу одговорноста за неисчистените канали. Дел од жителите, но и опозцијата токму проблемот со неисчистените канали го потенцираше како една од причините, посочувајќи дека штетите би биле помали, ако каналите биле исчистени. Освен за чистење на канали, милионски суми се потрошени и за чистење на речни корита.. Наташа Стојановска

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба