Кои фирми „газат“ во Ресен и прават најмногу милиони
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2020
Мал град во земјоделски регион кој иако има силен културен, туристички и земјоделски потенцијал не бележи значаен економски напредок. Тоа е Ресен.
Денеска анализираме кои фирми прават најмногу пари во престолнината на јаболката, градот на Преспанското езеро, македонска историска гордост.
Убедливо најголем е „Свислион“ а во најголемите ресенски компании се вбројуваат уште една транспортна фирма, две фирми за трговија со овошје, трговски малопродажни компании, производители на сокови, мед и мармалади.