17 Мај, 2024
0.0274

Кои се милионерите во Ресен

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Убедливо најголем е „Свислион“ кој преку својата аквизиција „Агроплод“ оствари приход од над 14 милиони евра и профит од 1 милиони евра. Во најголемите ресенски компании се вбројуваат уште една транспортна фирма, две фирми за трговија со овошје, трговски малопродажни компании, производители на сокови, мед и мармелади

Ресен, престолнината на јаболката, градот на Преспанското езеро, македонска историска гордост. Ресен градот во кој , заедно со Солун и Битола, започнала прочуената младотурска револуција. Ресен градот што го дал Христо Татарчев, основачот на внатрешната македонска револуционерна организација, и град од кој потекнува Андреј Љапчев, министер за војна, а потоа и премиер на Бугарија во периодот од 1926 до 1931 година.

Ресен е центар на македонската култура и самобитност, сега помалку заборавен град чии жители имаат на многу што да бидат горди затоа што е центар на Преспа природната убавица – гордост на Западна Македонија благодородна котлина со родна почва и прекрасно езеро распослана меѓу планините Баба и Галичица. И покрај неописливите убавини и природни богатска Ресен и Преспа биле и ќе останат печалбарски краеви заради специфичниот сплет на мноштво социјални, културолошки и економски фактори кои биле и останале катализатори на економската миграција.

Ресен во нашата актуелност останува мал град во земјоделски регион кој иако има силен културен, туристички и земјоделски потенцијал не бележи значаен економски напредок.

Најголема ресенска компанија е прехранбената индустрија Свислион Агроплод која по аквизицијата на ресенскиот гигант го задржа името Агроплод. Оваа компанија е најголема во тој регион. Во 2018 година нејзините приходи изнесувале 13,2 милиони евра, а добивката изнесува 846.500 евра. Компанијата е поседувана од скопската фирма „Свислион ДОО“ македонска испостава на гигантот „Свислион“.
Сведуваат неколку празни места и второрангираната компанија чија дејност е товарен транспорт. „ЛукаАда Транс“ во 2018 година остварила приход од 2,8 милиони евра и добивка од 276.000 евра што е профитна маргина од 10 отсто. Оваа компанија е во сопственост на фирмата „ГОМИ 96“ која пак е сопственост на Драги Филиповски.

Трета според остварен приход е локална компанија за трговија на мало со специфично име „Мицале“. Прометот на оваа фирма изнесува 2,5 милиони евра, а добивката е 143.000 евра.  Таа третото место го дели со „ВитаРес“ компанија регистрирана за производство на сокови од овошје и зеленчук. Фирмата чии сопственици се физичкото лице Љупчо Стојчевски и фирмата „Фруит Џуице“ во 2018 година остварила приход од 2,5 милиони евра и профит од 140.000 евра.

Следуваат две компании кои се занимаваат со трговија на овошје, а претпоставувате дека основната дејност им е трговија со јаболка. Поуспешната во 2018 година била Румко 91 која остварила приход од 2,3 милиони евра и има добивка од 171.000 евра. Нејзиниот ривал е Агро Мото Трејд со приход од 1,9 милиони евра и добивка на крај на 2018 година од 20.000 евра.

Земјоделската компанија на Свилион ДОО , „Свислион Аграр“ остварила добивка од 176.000 евра од приходот што изнесувал 2,1 милиони евра. Значи македонски „Свислион“ ДОО од ресенските фирми остварил профит што надминува 1 милиони евра.

Следува компанијата со специфично име Мала Преспа која се занимава со трговија на мало со метал, бои, стакло. Нејзин сопственик е Васил Јанковски, а приходот изнесува 1,7 милиони евра од што добивка е 112.000 евра.

За нијанса помал приход остварила малотрговската компанија од село Јанковец БМ 5 сопственост на Бранко Јовчев. Нејзниниот приход изнесува 1,6 милиони евра и има најмала добивка од сите рангирани компании – таа изнесува околу 1.000 евра.  

Тука е и ресенската компанија која секогаш асоцира на „детска радост“ од нашето детство. Тоа е РЕС – КОМ компанија која е позната по своите мини пакувања на мед и различни мармалади кои се достани во рестораните на хотелите особено за појадок. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 1,5 милиони евра и профит од 150.000 евра. Компанијата е во сопственост на Биљана Шљахова.

Во групата милиони е и една леарница. Станува збор на Леарница за алуминимум и цинк сопственост на Мирко Башиќ и Евгениј Алексеев. Нивниот приход изнесува 1,1 милиони евра, а добивката е 26.000 евра.

Во групата милионери од аспект на остварен приход се уште и: Смрчак Агро компанија за собирање шумски плодови со приход од 1,1 милиони евра и добивка од 1.300 евра и Агро Гавро фирма за трговија со земјоделски машини со остварен приход од 1,05 милиони евра и профит од 75.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА