Европа 92 „лапна најтежок“ дел од тендерот за учебниците
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2020 07:15
Министерството за образование и наука ќе плати 5,7 милиони евра на пет домашни фирми кои треба да преведуваат, лекторираат, уредат и да испечатат учебници за основно и средно образование за следната година. Договорите за јавната набавка се веќе објавени, но станува збор за рамковен договор кој ќе биде склучен откако одбраните фирми ќе достават и банкарски гаранции.
Во девет одделни дела впрочем Министерството склучува договори со пет фирми од кои најголемиот го има кочанската печатница Европа 92. Имено ако вредноста на вкупната набавка е 5,7 милиони евра или 348 милиони днеари, Европа 92 треба да испечати учебници за 2,6 милиони евра или безмалку една половина од вкупните средства.
Сепак одбрани се и четири други фирми – Арбериа Десигн од Тетово партиципира во три договори или треба да испечати учебници во вкупна вредност од безмалку 1,6 милиони евра. Арс Ламина склучува три договори со вкупна вредност на набавката од 29,3 милиони денари или 476 илјади евра. По еден договор има со Полиестердеј кој вреди 42 милиони денари или 683 илјади евра и со Арс Студио Тамара која добила договор вреден 17,7 милиони денари или 28,7 илјади евра.
Спогодбите се рамковни се бара печатење и дистрибуција на учебниците во различен тираж, различен за секоја од фирмите.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




