27 Јули, 2024
0.0579

Кои компании направија 150 милиони евра од продажба на компјутери, телевизори и бела техника?

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемите четири домашни компании за продажба на мало на уред и за домаќинство лани направија агрегиран приход од продажба од речиси 150 милиони евра! Короната не затвори дома па да не е досадно си купувавме уреди за домаќинство

Нема зима ниту корона криза кога е во прашање нашата национална потреба за нови телевизори, гаџети, бела техника и сите уреди за домаќинството. Нашите најголеми и најдобро снабдени ланци на маркети минатата година, која ја одбележа корона пандемијата, имаат солидни резултати и одлични растови на добивките.

Нептун ДОО останува неприкосновен снабдувач на нашата нација со нови уредиза домаќинство и популарна бела техника. Минатата година фирмата во сопственост на Арсим и Илир Папраднику и „Балфин Груп“ оствари приход од 60 милиони евра што ја прави најголем продавач на мало на уреди за домаќинство во Македонија. Приходот од продажба е на исто ниво како и во 2019 година.

Нето добивката на друштвото лани е зголемена за 11 отсто во споредба со претходната 2019 година и лани достигна 3 милиони евра. Во апсолутен износ „Нептун Македонија“ има најголем профит во споредба со конкурентните компании.

„Сетек - Се од техника“ е компанија која се зацврсти на втората позиција на нашиот пазар според приходите од продажба, но и според профитот. Добивката на семејната фирма на Дејан и Игор Кимовски лани изнесува 2,7 милиони евра и е 2,5 пати повисока од профитот остварен во претходната година. Приходот на „Сетек“ лани достигна 44,7 милиони евра што е за 31 отсто повеќе од претходната година.

Според остварените приходи од продажба на трето место е скопската компанија „Техномаркет“ со реализација од 18 милиони евра. Ова друштво кое е во сопственост на „Амако НЕТ Скопје“ кое пак е во сопственост на Андреја Хочевар (сопственик и на „Анхоч“ н.з.) лани од продажба оствари профит од 720.000 евра и тоа е два пати повеќе од добивката во 2019 година.

Другата фирма на Хочевар – „Анхоч“ специјализирана на технолошки уреди лани ја зголеми својата продажба за 38 отсто до 16,2 милиони евра. Добивката е зголемена за 3,3 пати и изнесува 1,3 милиони евра.

Најмал меѓу најголемите е кумановскио ланец Алфи Би. Приходот на оваа компанија лани бил 9,7 милиони евра и тоа е за 38 отсто повеќе од претходната година. Иако е најмал по приходи сопственикот на оваа фирма Гоце Серафимовски ја знае тајнатана профитабилноста. Затоа што „Алфи Би“ ја има најдобрата профитна маргина – повисока од 10 отсто од приходите. Добивката на друштвото е нешто над 1 милион евра што е за 69 отсто повеќе од претходната година.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри