05 Мај, 2024
0.1034

Кои македонски програмери прават повеќе профит од странците?

Објавено во: Економија 26 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија има своја силна силиконска долина. Индустријата на компјутерстко програмирање е бизнис сектор со кој Македонија треба да се гордее. Ние не заостануваме зад современиот свет. Напротив, ако судиме според програмерите или популарно наречените „софтверџии“. И да бидеме мирни- затоа што не си одат сите „мозоци“ од оваа земја. Има „наши деца“ кои знаат да бидат конкурентни на светско ниво, да продаваат памет (софтвер) на големи светски корпорации. И тоа да го работат од дома (Скопје или од Битола н.з.). Најмногу треба да не прави горди тоа што домашно поседуваните програмерски компании во земјава се многу попрофитабилни од големите светски програмерски куќи кои имаат подружници во земјава (а треба да сме горди и на нив зашто и во странските подружници работат наши програмери). Оваа дефинитивно е најбрзо растечката и најдоходовна индустрија во земјава

Македонија е земја во која за добар програмер се плаќа солидно според нашиот животен стандард. Дечките кои продаваат памет и од тоа заработуваат добри пари лани внеле десетици милиони евра девизи во нашата земја. Кај нас лани, според официјални податоци од ЦРМ, има повеќе од 10 компании кои се занимаваат само со компјутерско програмирање и кои имале годишен приход што е поголем од 2 милиони евра. Од најголемите десет компании за комјутерско програмирање дури четири се домашни.

Најпрофитабилна програмерска компанија лани е битолската Интерворкс. Ова бизнис чудо лани остварило профит кој изнесува 38 отсто од приходите. Фирмата на битолчанката Фанија Мемца лани направила приходи од 5 милиони евра што е раст за 27 отсто во однос на 2018 година. Профитот на друштвото лани изнесува 1,9 милиони евра и е за 10 отсто поголем од претходната година.

Најголема програмерска фирма, очекувано е, Сеавус најпознатиот програмерски бренд од Македонија. Ова друшто кое е сопственост на „Сеавус Груп Холдинг“ лани оствари приход од 16,9 милиони евра што е за 14 отсто послаб резултат од претходната година. Профитот на Сеавус е 3,6 милиони евра и според големината на профитот е најуспешна програмерска компанија лани. Профитната маргина на Сеавус е 21,3 отсто и е втора најголема по битолски Интерворкс.

Трета најпрофитабилна е повторно домашно поседувана програмерска „дружба“. Станува збор за Аксапта Мастерс ДОО од Скопје. Компанијата на Игор Трпковски, Ристе Маревски и Владимир Митрески лани остварила приходи од 2,8 милиони евра кои се за солидни 25 отсто поголеми од претходната година. Експлозија доживува лани профитот на друштвото – поголем е за 101 отсто од 2018 година и изнесува 588.000 евра што е профитна маргина од 21 отсто.

Следно на листата на е Некстсенс ДОО сопственост на Васко Кроневски, Даниел Даниловски, Игор Андоновски, Саша Гавриловиќ и на Некстсенс. Нивната добивка лани е 733.000 евра што е за 15 отсто подобар резултат од 2018 година. Приходите изнесуваат 6,5 милиони евра и се пониски за 13 отсто од претходната година. Ова друштво има 11,2 отсто профит од остварените приходи.

Следуваат три скопски подружници на светски програмерски гиганти: Алокејт, Ендава и Нетцетера.

 Алокејт ДООЕЛ Скопје лани остварил 5,2 милиони евра приходи и добивка од половина милион евра. Солиден раст и во двете категории во однос на 2018 година. Приходите се поголеми за 34 отсто, а профитот за 30 отсто. Профитот е 9,6 отсто од приходите.

Ендава ДООЕЛ Скопје лани остварила профит од 845.000 евра што е за 47 отсто подобар резултат од 2018 година. Тоа е 9,4 отсто од приходите лани кои изнесувале 9 милиони евра. И приходите книжат раст од 37 отсто во однос на претходната година.

Скопската подружница на швајцарскиот гигант Нетцетера лани е втор според обемот на остварени приходи. Тие изнесувале 10 милиони евра и пораснале за 21 отсто во споредба со 2018 година. Профитот е 627.000 евра и е поголем за 21 отсто од 2018 година. Профитната маргина е 6,3 отсто.

Според остварениот приход лани во најголемите десет софтверски компании се уште : скопската подружница на бугарска Мусала Софт и Интеркејп Македонија со приходи од по 3,5 милиони евра и Х4 Сервицес ДООЕЛ со приход од 3,2 милиони евра.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?